Бомба од 30-тина метри во 90. минута го спаси Баерн од срам среде Минхен! (ВИДЕО)
Седмопласираната екипа на табелата ја искористи својата шанса и поведе по еден корнер во четвртата минута. Оттогаш до крајот на мечот упати само уште два шута кон голот на гигантот, но успешно го бранеше својот. Баерн направи комплетна опсада, со посед на топката преку 80 отсто во вториот дел, но плодот – го немаше.
На сите можности, радоста стигна од најдалеку. Во 90. минута, Кимих прими една топка на преку 30 метра од голот на Келн, даде некој чекор за да се намести за шут и испали проектил, кој тешко се брани. Со тоа ги постави конечните 1-1, за 36 бода на Баварците на врвот на табелата, сега само четири повеќе од Лајпциг. Келн падна на десетатата позиција со 21 бод.
На останатите два меча од истиот термин, во ова 17. коло, Волфсбург ја декласира Херта со 5-0 во Берлин, а Хофенхајм извади 2-2 против Штутгарт во 94. минута, пред своите гледачи.
GOLAÇO DO KIMMICH! pic.twitter.com/MX2nLaU9Vv
— Bayern Galaxy (@BayernGaIaxy) January 24, 2023