
„Болеста не чека, не чекаме ниту ние“: Пехчевски повторно хоспитализиран
Игор Пехчевски повторно е хоспитализиран, па преку фотографија од болничкиот кревет повторно упати апел за лекот Трикафта.
„Денеска кога го одбележуваме 21ви Ноевмври, меѓународниот ден на болните од Цистична фиброза, за мене е тажен ден. За жал јас сум повторно хоспитализиран. “Болеста не чека. Не чекаме ниту ние.” Се борам и ќе се борам. Лек за СИТЕ! ТРИКАФТА за СИТЕ!“, вели Пехчевски.