Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Боки 13 жали за одземената гардероба: Чии ли нечисти нозе ми ги носат чевлите?
Македонија

Боки 13 жали за одземената гардероба: Чии ли нечисти нозе ми ги носат чевлите?

03/03/2023

AA

Бојан Јовановски познат како Боки 13 повторно се огласи во јавнсота со негова реакција за одземениот имот.

Во неговото соопштение посочува дека се огласува по повод соопштение од Агенцијата за одземен имот, поврзано за одземената гардероба и друга брендирана стока во предметот Рекет. Дополнува дека токму поради таа гардероба и друга брендирана стока е осуден на 9 годишна затворска казна.

– Од страна на Агенцијата за одземен имот соопштиле дека за одземената гардеробара и за таков вид на брендирана стока нема направено вештачење, нема утврдена вредност, ниту проценка од причини што немало вработено или ангажирано такво стручно лице, вештак и проценител во Бирото за судски вештачења, откако побарале информација од Министерството за правда – Биро за судски вештачења!

Токму така, браво за агилноста што после скоро 4 години самите си потврдувате дека без вештачење, без утврдена вредност и проценка како задолжителни законски елементи од една законита кривично-правна постапка, јас сум осуден и денеска издржувам казна затвор, алал вера! – пишува во соопштението од Боки 13.

Тој дополнува дека во текот на судењето за недокажаниот случај “Рекет” многу пати со бранителот Сашко Дукоски, истакнувале барање за вештачење на одземената гардероба, чевли, чанти, накит, очила, часовници, уметнички слики, лустери, фотелји и гарнитури за седење.

– Истото тоа го наведовме и пред Апелациониот суд во жалбената постапка, за истото тоа пишувавме и пред Врховниот суд во барањето за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, но се беше залудно, бидејќи наредбата да бидам осуден (без докази и без законито спроведена постапка) беше посилна од законот и правото!!!

Онаа суспендиранана Вилма Русковска беше должна пред да ја достави како доказ во обвинителниот акт мојата одземена гардероба, чевли, чанти, накит, часовници, очила, уметнички слики, лустери, фотелји и гарнитури за седење да изготви вештачење со вешт наод и мислење од вешто лице, со точна проценка и утврдена вредност, за да можеше истото да биде доказ во судска постапка согласно ЗКП, а не така на ѓутуре како крвник да ми ја одземе цела гардероба која била стекната во изминатите 15-20 години, за која истата таа Вилма во обвинението наведе дека целата одземена гардероба и друга брендирана стока сум ја купил за само четири месеци, замислете супермен да бев па не ќе можев да ја купам за 4 месеци – пишува во соопштението.

Тој дополнува дека „во моментите на супер слава и супер моќ на денес суспендираната Вилма и проаѓаше се како подмачкано, па така и магаре да донесеше во судница и да кажеше дека сум купил магаре од 1,5 милиони евра (никогаш недокажаните и наводни пари од Орце Камчев), ќе беше круцијален доказ за онаа судијкана Васка роднина-братучетка на Иван Џолев и онаа другана судијка Софче да ме осудат така крвнички и политички нарачано!!!“

– Прашање кое мачи, чуму сега вештачење и проценка после четири години???
Дали доколку се изврши вештачење и проценка после 4 години, агенцијата со истото сака да ми помогне па вештачењето и проценката да ми бидат основ за повторување на постапката и одново процнување на Рекет, па ви благодарам многу другари, направете го што побрзо, иако однапред знам дека давате само голи соопштенија, а дека вештачење и проценка никогаш нема да направите, бидејќи не ви одговора, бидејќи веќе и немате што да вештачите, дотолку повеќе што главната поента зошто молците и глувците ќе останат гладни е токму тоа, што одземената гардероба и друга брендирана стока е дрско испокрадена и заменета со други парчиња слични на одземената брендирана стока!!! Само си се прашувам: чии ли нечисти раце ми ги носат чантите? Чии ли нечисти нозе ми ги носат чевлите? Чии ли проклети очи ги скриваат моите очила? И кој ли си го мери времето до зад решетки со моите часовници?!?! – пишува во обраќањето

Тој исто така посочува дека „ако дојде денот бесправно одземеното да ми биде вратено, јас не го сакам и ќе го донирам, но за жал до тоа нема да дојде бидејќи лоповите си го донираа одземеното пред време“

– И сосема за крај, Вилма ти порачувам дека ќе одговараш за сите злодела кои ги имаш направено, меѓудругото и за овој криминал со одземената гардероба и брендирана стока, бидејќи ти си директно одговорна заедно со твоите помошнички судијки Васка Масевска- Наумовска и Софче Гаврилова-Ефремова и ти тврдам дека ќе дојдеш зад решетки, бидејќи суспендирањето за тебе е награда а не казна, за тебе вистинската казна ти следува со процесот “Бумеранг”!!! – вели Боки 13, и бара барем уметничките слики да се продадат во некој од уметничките музеи на Македонија, барем тоа добро направете го, ако веќе и тие не висат на нечии крвави ѕидови!

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски: Вардариште полека заминува во историјата, на негово место ќе

27/06/2026
Македонија

Муцунски на „Дубровник форум“: Серија билатерални средби за зајакнување на

27/06/2026
Македонија

Андоновски: Дигиталната трансформација веќе не е апстрактен концепт, туку реалност

27/06/2026
Македонија

Доаѓа топлотен бран во Македонија, какво време ќе имаме во

27/06/2026
Македонија

67 годишник од Тетово измамен за 3400 евра!

27/06/2026
Македонија

ФОТО Сообраќаен колапс: Се чека до 4 часа за влез

27/06/2026
Македонија

Пронајден маж во дом во Карпош

27/06/2026
Македонија

Ужас во Струмица: Се скарале околу децата, па ја начекала

27/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ѓорѓиевски: Вардариште полека заминува во историјата, на негово место ќе никне мега-парк

27/06/2026

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека со интензивно темпо продолжуваат работите за затворање на депонијата Вардариште, која со децении

Муцунски на „Дубровник форум“: Серија билатерални средби за зајакнување на економијата, безбедноста и евроинтеграциите

27/06/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари серија значајни билатерални средби на маргините на годинешниот „Дубровник форум“.

Андоновски: Дигиталната трансформација веќе не е апстрактен концепт, туку реалност за граѓаните

27/06/2026

Дигиталната трансформација во Македонија веќе не е само теорија, туку испорачува конкретни резултати преку побрза администрација, електронски документи без чекање

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy