Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Богоев – Квангхио Ko: Започна имплементацијата на системот за анализа на ризик, грант од Кореја
Македонија

Богоев – Квангхио Ko: Започна имплементацијата на системот за анализа на ризик, грант од Кореја

08/03/2024

AA

„Системот за управување со ризици и податочен склад што ќе се имплементира со 4,8 милиони долари грант од Република Кореја ќе овозможи да се соберат повеќе приходи во Буџетот, што значи повеќе пари за болници, инфраструктурни проекти и училиштa, но значи и сузбивање на организираниот криминал“, истакна директорот на Царинска управа, Стефан Богоев на прес-конференција на која заедно со директорот на корејска Царина, Квангхио Ко официјално го означија почетокот на имплементацијата на проектот.

Системот ќе алармира за декларации во кои се детектирани ризици за плаќање давачки во помал износ од реалната цена на стоката, ризик од погрешно царинско распоредување или ризик од неточно пријавување на потеклото на стоката.

„Доколку некоја компанија 10 пати во месецот увезува редовно едни производи, а само еднаш месечно се увезува различна пратка која не е типична за неа, тогаш ИТ системот што ќе се развие и имплементира со грант од Република Кореја ќе алармира за можен ризик, што треба да се провери и контролира“, вели Богоев.

Директорот на корејска Царина, Квангхио Ко, истакна дека корејската Царина ќе ги вложи сите напори за успешна реализација на проектот и за продлабочување на соработката за взаемен развој.

„Проектот е финансиран од ОДА (Канцеларија за помош за развој) на Кореја со 4,8 милиони долари и истиот е значаен бидејќи за прв пат Корејска Царина имплементира систем за е-царинење во Европскиот регион. Овој систем ќе ја зголеми работната ефикасност и ќе ја олесни логистиката во Северна Македонија преку интегрирано информатичко управување со ресурси и ризици. Очекуваме дека тоа ќе придонесе кон успешна интеграција на земјата во ЕУ“, потенцира Ко.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
Македонија

456 онколошки пациенти добиваат парична помош во следните два дена

04/08/2026
Македонија

Породилни пакети со попуст и целосна грижа за мајката и бебето во

04/08/2026
Македонија

Пожарот кај Кавадарци е под контрола: Се очекува целосно гаснење,

04/08/2026
Македонија

АЛБАНИЈА ПРОГЛАСИ „НОН ГРАТА“ ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ: Валон Беља и

04/08/2026
Македонија

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ПРЕГЛЕДИ ВО ГОСТИВАР: Регистриран уште еден сомнителен

04/08/2026
Македонија

Цената на бензинот паѓа, на нафтата се зголемува – од

04/08/2026
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ВО СТРУГА: Приведен 52-годишник поради вербални навреди врз

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44848
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат со крем за сончање

04/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати итно предупредување и апел до родителите за преземање дополнителни превентивни мерки за заштита на

456 онколошки пациенти добиваат парична помош во следните два дена

04/08/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека започнува исплатата на еднократна финансиска поддршка за лицата кои се лекуваат од

Породилни пакети со попуст и целосна грижа за мајката и бебето во Клиника Жан Митрев

04/08/2026

Клиника Жан Митрев воведува попусти за породилните пакети во Центарот за мајка и бебе, со цел на идните мајки да им овозможи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy