Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми
Економија

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

06/10/2024

AA

Унгарија, Грција и Италија ги имаат најдобрите програми за
златна виза во Европа, според наодите на финансиската советодавна фирма Арон
Капитал.

Според таа анализа, кога станува збор за европските програми
преку инвестиции, овие три земји се најбараниот избор меѓу странските граѓани,
пишува Shengen News

Арманд Артон, четириесет и седумгодишниот претседател на
Артон Капитал, изјави за Business Insider дека првите пет програми на Golden
Visa во светот ги вклучуваат Унгарија, Грција, Италија, Обединетите Арапски
Емирати и Антигва и Барбуда.

„За време на пандемијата „Ковид-19“, многу американски
инвеститори не можеа да влезат во Европа, па сега бараат програми за престој во
европските земји. По изборите во Франција и Велика Британија, можеме да видиме
и милиони луѓе кои сакаат да се
преселат во тие земји, рече
Артон.

Програмите за златни визи им овозможуваат на странците да
добијат престој во земји кои нудат такви програми во замена за финансиски
инвестиции и исполнување на потребните услови. Сепак, ваквите програми често се
мета на критики поради перење пари и корупција, но и покрај тоа, тие се уште се
нудат во неколку европски земји, иако ЕУ бара овие земји да ги укинат што
поскоро.

Унгарија

Унгарија ја започна својата програма Златна виза во 2013
година, која набрзо привлече голем број странски инвеститори, што ја прави една
од најпопуларните вакви програми во Европа.

Програмата беше прекината во 2017 година, но унгарската
влада одлучи да ја рестартира на 1 јули оваа година, а сега е позната и како
програма за инвеститори во посета (ГИП).

Една од причините зошто унгарската програма Златна виза
привлече зголемен интерес од богатите странски државјани е тоа што земјата нуди
опција за инвестирање во недвижен имот, кој беше укинат во земји како
Португалија и Шпанија, како дел од напорите за справување со станбената криза.

Од нејзиното лансирање во јануари 2013 година до 31 март
2017 година, програмата Златна виза и донесе на Унгарија вкупно 1,4 милијарди
евра.

Грција

Грција е позната по програмата Златна виза, но сепак, во обид да се реши станбената
криза, програмата Златна виза во Грција претрпе промени кои стапија на сила на
1 септември годинава.

Една од измените е зголемување на минималниот износ потребен
за инвестиции направени преку оваа програма.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, најавувајќи ги новите
измени, рече дека во некои делови од земјата, како Миконос, Санторини и Солун,
минималната инвестиција потребна за Златна виза ќе достигне 800.000 евра.

Неодамна и премиерот на Грција најави дека сега ќе им се
доделуваат златни визи на претприемачите, што значи дека странците ќе можат да
добијат петгодишна дозвола за престој во земјата со инвестирање 250.000 евра во
стартапи во земјава.

Италија

Италијанската програма Golden Visa, позната како
инвеститорска виза за Италија, е популарна и меѓу странските државјани кои
планираат да добијат престој во европските земји преку оваа програма.

Побогатите странски граѓани можат да ја користат оваа
програма избирајќи неколку понудени опции за инвестирање, меѓу кои се
инвестиција од 2 милиони евра во државни обврзници, 500.000 евра во
корпоративни обврзници или акции или најмалку 250.000 евра во иновативни
стартапи.

фото: Unsplash

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија во притвор, а 5 во

19/06/2026

Иако Основниот кривичен суд Скопје експресно ги одреди мерките за притвор на приведените во мега-скандалот во ФФМ, главниот предизвик за

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица приведени

19/06/2026

Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала вкупно десет случаи на семејно насилство на подрачјата на Скопје, Кочани, Штип, Делчево, Велес и

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското

19/06/2026

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy