Порталот на албански јазик ин7 објавува дека градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски има најдобар рејтинг на анкетите во ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за градоначалник на Град Скопје од владеачката партијата.

Анкетата покажа дека Стефковски има силна поддршка од членството, како и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но и од мнозинството градоначалници на партијата во Скопје – се вели во објавената вест на порталот.

Она што е познато и го слушнавме од изјавата на премиерот Мицкоски пред неколку денови е дека во ВМРО-ДПМНЕ е завршена постапката во која општинските комитети вршат номинација на кандидати и дека во следниот период ќе се врши испитување на јавното мислење.

Линк до објавата на порталот: https://www.in7.info/kryetari-i-komunes-se-gazi-babes…/…

TACT.mk