Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БИЗНИСМЕНОТ ФАТМИР ЕТЕМИ КУПИ УШТЕ 500 АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА – за нив плати околу 135 илјади евра
Економија

БИЗНИСМЕНОТ ФАТМИР ЕТЕМИ КУПИ УШТЕ 500 АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА – за нив плати околу 135 илјади евра

23/02/2024

AA

Продолжува трендот членови на раководните органи на Комерцијална банка да купуваат акции на нашата најголема банка, и најуспешна банка за минатата година, а која тукушто објави дека ќе дели дивиденда од 910 денари по акција на бруто износ за своите акционери. 

Откако акции купија членовите на Управниот одбор и директори во банката, Илија Илоски и Билјана Максимовска, а неодамна дека купил акции банката објави и членот на Надзорниот одбор Горан Антевски, најновата информација е дека акции купил и членот на Надзорниот одбор, Фатмир Етеми, сопственик на градежната компанија ЗЗФ, кој и претходно има солидна количина акции во Комерцијална банка, а која сепак не надминува 5 проценти од вкупниот акционерски капитал на банката. 

„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Фатмир Етеми, Член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 500 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“, се вели во известувањето од Комерцијална банка.

Ако се оди со претпоставката дека Етеми ги купил овие 500 акции по некоја просечна цена од околу 16.500 денари по акција, колку што во изминатиов период во просек се продаваа акциите на Комерцијална банка, значи дека за нив платил вкупна сума околу 135 илјади евра, иако е можѓно да е помалку или нешто повеќе. 

Претходно акции купија Горан Антевски, Илија Илоски и Билјана Максимовска. 

Фактор објави дека Комерцијална банка за минатата година ќе дели дивиденда од 910 денари по акција бруто.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Какво ќе биде времето за продолжениот викенд?

31/07/2026
Македонија

Температурите до 40 степени носат ризик: АХВ со важни препораки

31/07/2026
Македонија

Претрес во гостиварско: Пронајдени дрога и муниција, уапсен 58-годишник

31/07/2026
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44771
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Какво ќе биде времето за продолжениот викенд?

31/07/2026

Во следните седум дена Македонија ја очекува стабилно, сончево и многу топло време. Температурите постепено ќе растат од ден на

Температурите до 40 степени носат ризик: АХВ со важни препораки за безбедна храна

31/07/2026

Поради најавените екстремно високи температури кои во наредните денови ќе достигнуваат и до 40 степени Целзиусови, Агенцијата за храна и

Претрес во гостиварско: Пронајдени дрога и муниција, уапсен 58-годишник

31/07/2026

Полициска акција спроведена утрово во гостиварското село Равен резултираше со апсење на едно лице, откако при претрес во неговиот дом

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy