Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА БАРА ПОВЛЕКУВАЊЕ И ЗАПИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ДАНОК НА СОЛИДАРНОСТ
Економија

БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА БАРА ПОВЛЕКУВАЊЕ И ЗАПИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ДАНОК НА СОЛИДАРНОСТ

06/07/2023

AA

Во
врска со Предлогот на Законот за данок на солидарност, Стопанската комора на
Северна Македонија изминатиот период во континуитет укажува дека носењето на
вакво законско решение за измината фискална година (конкретно за 2022 година),
создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори, особено ако се
има предвид дека правната сигурност е еден од врвните приоритети за кои се
залагаме како застапувачи на интересите на бизнис заедницата во земјата.

Стопанската
комора на Северна Македонија која ги застапува компаниите кои создаваат
половина од вкупниот приход во приватниот сектор, компании кои генерираат
речиси половина од нето добивката во приватниот сектор и компании кои
вработуваат повеќе од една третина од вработените во приватниот сектор уште
еднаш ги афирмира своите забелешки во однос на Предлог-законот за данок на
солидарност и укажава на следното:

1. 
Селективен
пристап затоа што се опфатени само поголемите компании
  кои остваруваат
приход поголем од 615.000.000 денари;

2.  Се врши оданочување на добивката што ја оствариле компаниите,
независно дали истата е резултат на пазарните услови
(остварена екстра добивка поради
движења на пазарите на енергенси или други причини кои довеле до конјуктурни
поместувања на пазарот) или е резултат на нивното работење, односно резултат на зголемени инвестиции, подобрена
продуктивност, освојување на нови пазари и сл.;

3.  Дестимулирање на успешните компании, кои се инвестициски
ориентирани
, односно во неповолна положба се доведуваат компании кои инвестирале
во претходните години.

4.  Ефектот кој се
очекува
од примената на истиот во смисла на обезбедување на  дополнителни средства во државниот буџетот, може да изостане за делот на добивката на
компаниите кои се корисници на државна помош
, од причина што ќе се намали
нивниот индивидуален износ на доделена државна помош, и по тој основ нема да се
зголемат приходите во буџетот.

5.  Ваков данок, кој се носи ад хок, во втората
половина на деловната година создава несигурност кај постојните и
потенцијалните инвеститори.

Во таа
насока Клуб 100, како најрепрезентативно тело на раководење во Стопанската
комора, ја повикува Владата на РС Македонија да го повлече Предлог на Законот
за данок на солидарност и со тоа да покаже сериозен однос кон укажувањето на
најголемата и најбројна бизнис асоцијација во државата. Исто така, сакаме да
напоменеме дека е јасна намерата на Владата на РС Македонија дека овој закон
сака да го протне со европско знаме, кој ќе нанесе поголема штета него добро.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„ЌЕ ДЕЛИШ ПАКЕТИ ВО ЦРКВА“ Им дал лична карта, му

19/02/2026
Македонија

„Марш на ангелите“ во сабота: Чекориме за да потсетиме дека

19/02/2026
Македонија

Кавадарчанец си пазарел онлајн со туѓа картичка: Оштетил 60-годишен маж

19/02/2026
Македонија

РОКОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖЕН ДО МАРТ 2031 ГОДИНА

19/02/2026
Македонија

Полицаец без возачка „дивеел“ низ Скопје: Доби кривична пријава, одземање

19/02/2026
Македонија

Маж измамен за над четири илјади евра: Му ветувале социјална

19/02/2026
Македонија

Скопјанец пијан се степал пред маркет во Ѓорче Петров, а

19/02/2026
Македонија

Андоновски: Дигиталната трансформација мора да стигне до секој граѓанин

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41662
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„ЌЕ ДЕЛИШ ПАКЕТИ ВО ЦРКВА“ Им дал лична карта, му стигнал долг од 3.500 евра

19/02/2026

Фотографија од лична карта за наводна работа во црква се претворила во долг од 215.731 денари за 18-годишно момче од

„Марш на ангелите“ во сабота: Чекориме за да потсетиме дека правдата не смее да доцни!

19/02/2026

Здружението на граѓани „16-ти Март“ упати отворен повик до јавноста за учество во „Маршот на ангелите“, кој ќе се одржи

Кавадарчанец си пазарел онлајн со туѓа картичка: Оштетил 60-годишен маж за 232.788 денари

19/02/2026

СВР Велес поднесе кривична пријава против К.И.(26) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy