Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битолски „Пелистер“ се враќа во рудниците на РЕК Битола, по долго време го доби првиот тендер
Економија

Битолски „Пелистер“ се враќа во рудниците на РЕК Битола, по долго време го доби првиот тендер

11/04/2025

AA

ЕСМ по одлуката да ја ангажира Топлина Подмоље со останатите подизведувачи за ископ на јаглен за 25 милиони евра, склучи и договори за помошна механизација во рудниците на РЕК Битола со три компании, меѓу кои и подзаборавениот Пелистер од Битола.

Оваа компанија до пред шест-седум години беше алфа и омега кога станува збор за добивање на јавните набавки поврзани со работењето на рудниците на РЕК Битола, а сега ова би значело дека се враќа на мала врата кај тендерите што ги распишува ЕСМ. Во меѓувреме почина сопственикот Силјан Мицевски, а компанијата ја презеде неговата ќерка Татјана Стерјева, сопственичката на втората најголема веледрогерија во Македонија „Еурофарм“.

Во текот на минатата недела беше објавено дека фирмата „Топлина“ од охридското село Подмоље доби тендер за ископ на јаглен во висина од 1,44 милијарди денари (25 милиони евра) за период од 12 месеци. Оваа охридска фирма претходно беше подизведувач на „Марковски компани“ на битолскиот бизнисмен Борче Марковски, кој по смената на власта беше исфрлен од тендерите во РЕК „Битола“.  „’Топлина’ пријави четири оператори како подизведувачи ‘ГД Гранит Скопје’, ‘Градба Промет’ Кавадарци,  ‘Илинден’ Струга и ‘Топ Билд’ од Скопје. Во својство на техничка поддршка се пријавени и фирмите ‘Форса’ АС од Скопје  и ‘Машинокоп’ од Кавадарци“.

Сега за кратко време ЕСМ во системот на јавни набавки објави дека се ангажирани уште три компании за помошна механизација – „Пелистер“, „Руд-Коп“ и „Зимак“, кои ќе поделат околу 1,05 милиони евра. „Пелистер“ за работењето на своите транспортери би наплаќал по 115 денари од километар, а вкупната сума е проектирана на околу 270.000 евра со платен ДДВ.

Битолската градежна компанија „Пелистер“ од 2014 до 2017 година оствари приходи од 70 милиони евра и добивка поголема од 8 милиони евра. Во тој период во РЕК Битола доби три тендери во вредност од 47,8 милиони евра (најголемиот од нив вреден 40 милиони евра заедно со „Трансмет“) . За 4 години главнината и резервите на „Пелистер“ пораснаа за 6,5 милиони евра до износ од 40 милиони евра.

„Пелистер“ во последните години не беше меѓу најуспешните битолски претпријатија, а приматот кај РЕК Битола во оваа дејност му го зеде „градскиот ривал“ Марковски Компани, кој во меѓувреме беше „суспендиран“ од новото раководство на термоелектраната. Сопственикот Силјан Мицевски, најпознатиот бизнисмен од Битола и поранешен градоначалник на градот, почина во декември 2023, а во компанијата го наследи ќерката Стерјева.

А.К.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Даде ли СДСМ согласност за Ковачевски да гостува на емисија?

09/04/2026
Македонија

Димовски за 4ТВ: Американски гигант од високотехнолошкиот сектор доаѓа во

09/04/2026
Македонија

Димовски за 4ТВ: Во ТИРЗ наследив штетни договори од милиони

09/04/2026
Македонија

Димовски за 4ТВ: Во ТИРЗ дозволени биле работи што не

09/04/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ ИСТОРИСКИ ГОДИНИ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА АРМИЈАТА Владата крои 10-годишен

09/04/2026
Македонија

Димовски за 4ТВ: Компаниите подготвуваат стратегии за справување со глобалните

09/04/2026
Македонија

Несреќа во близина на Црвен Крст, настрада мотоциклист!

09/04/2026
Македонија

ВИНСКИ ФЕСТИВАЛ БИТОЛА Три дена музика и магија пред Офицерскиот

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42321
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Даде ли СДСМ согласност за Ковачевски да гостува на емисија? – „Им пишав, ама не

09/04/2026

Поранешниот премиер и екс-лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во емисијата Ноќно студио на 4ТВ откри дека постои комуникациски јаз во

Димовски за 4ТВ: Американски гигант од високотехнолошкиот сектор доаѓа во Македонија

09/04/2026

Македонија останува атрактивна дестинација за странски капитал и во 2026 година, со потврдени нови инвестиции и сериозен број на преговори

Димовски за 4ТВ: Во ТИРЗ наследив штетни договори од милиони евра и објекти без одобрение

09/04/2026

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ упати сериозни обвинувања за работењето на неговите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy