Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БИТКОИНОТ Е НЕШТО ШТО ИМ ГО КУПУВАТЕ НА ДЕЦАТА И ГО ОСТАВАТЕ ДА СТОИ ДОДЕКА НЕ СЕ ПЕНЗИОНИРААТ: Еве што велат експертите за оваа криптовалута
Економија

БИТКОИНОТ Е НЕШТО ШТО ИМ ГО КУПУВАТЕ НА ДЕЦАТА И ГО ОСТАВАТЕ ДА СТОИ ДОДЕКА НЕ СЕ ПЕНЗИОНИРААТ: Еве што велат експертите за оваа криптовалута

12/11/2024

AA

Биткоинот е дигитална или виртуелна валута (криптовалута) која користи блокчејн технологија за да ги обезбеди и потврди трансакциите.

Кога последен пат Хрвој Прпиќ,хрватски претприемач и инвеститор, но и еден од првите инвеститори во криптовалути го даде своето интервју за Пословни.хр,  на 3 јануари оваа година, цената на Биткоинот беше 45.000 долари. Прпиќ тогаш за Пословни дневник објави дека најпознатата криптовалута оваа година може да достигне цена од 100.000 долари. Бидејќи цената на Биткоинот денес е речиси 90.000 долари, неговото предвидување изгледа многу блиско, па еве сега што има да каже за големимот раст. 

-Доналд Трамп е отворен за криптовалути и за намалување на регулативите кои ја прекинаа употребата на Биткоин, тој дури отвори и крипто компанија со своите деца. БТК има циклус од околу четири до пет години и сега се приближуваме до врвот на овој циклус. Моите предвидувања се дека овој циклус би можел да заврши на околу 150.000 долари, додека има предвидувања од 180.000 долари, па дури и 200.000 долари. По завршениот циклус, БТК обично паѓа и има големи варијации во цената до следниот циклус, што е предизвикано од „преполовувањето“. Преполовувањето е моментот кога рударите губат половина од приходите, што е запишано во протоколот. На секои 4-5 години износот на наградата на рударите паѓа на половина до 2100 година кога наградата целосно ќе престане (барем во сегашната форма). Последното преполовување предизвика цената на БТК да се зголеми 16 пати од врв до врв. Ова би значело дека, доколку се повтори, овој циклус на БТК ќе заврши со цена од 320.000 долари, проценува Прпиќ.

И покрај победата на Трамп и овогодинешното „преполовување“, на растот на цената на Биткоинот влијаеше и одобрувањето на Комисијата за хартии од вредност на САД на 11 фондови со кои се тргува преку размена (ETF) поврзани со Биткоин. Меѓутоа, бидејќи ниту една крива не оди нагоре засекогаш, го прашавме Прпиќ дали има нешто што може да го загрози растот на криптовалутите:

– БТК не треба да се гледа на краток рок, посочува Прпиќ. Има премногу влијанија за да може да се предвиди цената на БТК на краток рок. БТК е инструмент што го купувате најмалку 10 години. Не се ни обидувајте да купите БТК две години бидејќи дефинитивно ќе изгубите. Веројатно ќе изгубите дури и ако го купите четири години. Тоа е нешто што го купувате и оставате во пензија и не го допирате, или нешто што им го купувате на вашите деца денес и оставате додека не се пензионираат.

Бидејќи цената на биткоинот е многу нестабилна и подложна на промени поради бројни фактори, го прашавме Хрвоје Прпиќ, еден од првите бизнис ангели во Хрватска, дали има некој совет за оние кои поседуваат Биткоин.

– Не постои универзален совет. Ако целиот ваш капитал е во крипто и имате 50-60 години, време е да продадете барем половина од него. Ако сте под 50 години, зошто би го допреле овој циклус? Зошто да не чекате уште два, три или 15?, заклучува Хрвоје Прпиќ.

Пословни.хр

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПА МОРА ДА НОСИ ОДЛУКИ И ДА ВОДИ, НЕ ДА

23/04/2026
Македонија

🎥 НЕ ГИ НОСЕТЕ ПОТВРДИТЕ ЗА ПЛАТЕНИ КАЗНИ ОД „СЕЈФ

23/04/2026
Македонија

И младата Теона доби бронзен медал на Менделеевата олимпијада

22/04/2026
Македонија

ДУИ САКА ДА ГО КОЧИ ДЕМОКРАТСКИОТ РАЗВОЈ И ДА ИЗБЕГНЕ

22/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НА КРИВО НАСАДЕН Успеа да се скара и со

22/04/2026
Македонија

„Крстов Дол“ го подели СДСМ: Партијата бара референдум, градоначалникот Митовски

22/04/2026
Македонија

ЌЕ СТОПЛУВА, АМА УТРАТА ЌЕ ОСТАНАТ СТУДЕНИ Променливо облачно и

22/04/2026
Македонија

Родители од Делчево дозволиле малолетни ќерки да им живеат со

22/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42780
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВРОПА МОРА ДА НОСИ ОДЛУКИ И ДА ВОДИ, НЕ ДА СЕ ПРИЛАГОДУВА Ни треба заедничка

23/04/2026

Има моменти кога Европа мора да избере: дали ќе реагира или ќе води, денес сме токму во таков момент, порача

🎥 НЕ ГИ НОСЕТЕ ПОТВРДИТЕ ЗА ПЛАТЕНИ КАЗНИ ОД „СЕЈФ СИТИ“ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Системот

23/04/2026

Граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“, кои ги

И младата Теона доби бронзен медал на Менделеевата олимпијада

22/04/2026

Македонските средношколци постигнаа значаен успех на 60-тото издание на Меѓународна олимпијада по хемија – Менделеев, освојувајќи два бронзени медала. Натпреварот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy