Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи: Увозот на работна сила не е долгорочно решение, примарна цел е да се вклучат невработените на пазарот
Економија

Битиќи: Увозот на работна сила не е долгорочно решение, примарна цел е да се вклучат невработените на пазарот

29/03/2023

AA

Долгорочно решение за недостигот на работна сила во нашава земја е преквалификација на нашите сограѓани кои живеат тука и кои со доквалификации и обуки можат да се стекнат со нови вештини и да одговорат на барањата на компаниите. Ова го посочи вицепремиерот Фатмир Битиќи при денешната посета на компанија за производство на душеци во Гостивар. 

– Ние имаме сограѓани кои се невработени, и примарна цел е да се направат способни да се вработат, и токму компании како Алмеро кои се спремни да се вклучат во процесот на дуално образование, во преквалификации и доквалификации на работната сила е клучот за проблемот со кој се соочуваме, а тоа е неодстиг на работна сила на пазарот на труд. Сите други решенија, како увоз на работна сила, не се трајни решенија, туку долгорочно решение е нашите сограѓани кои сакаат тука да живеат и да работат, да се стекнат со вештини, преку квалификации и доквалификации да се вклучат во работните процеси – посочи Битиќи. 

Воедно вицепремиерот посочи дека Владата издвојува финансиска поддршка за компанијата Алмеро, од Законот за финансиска
поддршка на инвестиции за циклус од пет години, која започнал во 2021 година и ќе заврши во 2025 година. 

– Инвестицискиот циклус кој го планира компанијата достигнува скоро 5,6 милиони евра, а финансисакта поддршка согласно законот достигнува 33 отсто од вредноста и таа се доделува етапно, зависно како се реализираат инвестициите. Минатата година беа исплатени кон компанијата околу 70 илјади евра, за инвестиции направени 2021 година. И таа ќе проидолжи и годинава зависно од направените инвестиции. Инаку компанијата лани започна објект од 13 илјади квадратни метри, нов производствен капацитет и таму ќе бидат вработени нови 300 кандидати и секако ќе ги поддржиме – кажа Битиќи и дополни дека ова е комапнија која како и другите за кои се издвојува финансиска поддршка е во помалку развиентие плански региони во Македонија. Нагласи дека над 70 проценти од поддржаните компании минатата година биле надвор од најразивениот Скопскиот плански
регион, и цел потикнување рамномерниот регионален развој.

Фото: Принтскрин/Фејсбук 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42411
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без дозвола, со забрана и со

12/04/2026

Пет возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата поради безобѕирно управување со возило,

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè чекаат дождови и грмотевици

12/04/2026

Во текот на новата седмица односно во периодот од 13 до 19 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси се отворени, вели ВРЕДИ

12/04/2026

Младите се двигател на развојот, државата ги отвора вратите на пазарот на трудот, вели коалицијата ВРЕДИ  истакнувајќи дека со  Оперативниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy