Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи: Нова инвестиција од 13,5 милион евра и нови над 500 работни места за граѓаните од Пелагонискиот регион
Економија

Битиќи: Нова инвестиција од 13,5 милион евра и нови над 500 работни места за граѓаните од Пелагонискиот регион

20/04/2023

AA

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ја посети компанијата Бреинчајлд Продукција која произведува спортска опрема наменета за водените спортови со ветер или поточно опрема која се користи за сурфање на водени површини

Во неговата изјава после посетата, вицепремиерот Битиќи изјави дека Бреинчајлд е прогресивна и амбициозна компанија која својот развој го планира во Северна Македонија, што е потврда дека во нашата земја имаме атрактивен и стимулативен економски амбиент кој создава доверба и сигурност кај инвеститорите и ги охрабрува на проширување на нивните деловни активности.

„Бреинчајлд планира основање на две нови компании, од кои едена во делот на  производство, а другата ќе биде фокусирана во активности на истражување и развој, со вкупна вредност на ивестициите од над 13,5 милиони евра. Вредноста на планираната инвестиција во производство е 11,5 милиони евра, која ќе отвори 275 нови работи места во наредните пет години, а со проектирана цел за 10 години да се реализираат вкупно 530 вработувања“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи информираше дека во делот на истражувањето и развојот, Бреинчајлд планира инвестиција од 2 милиони  евра, која ќе создаде 35 нови работни места, кои ќе дадат шанса на граѓаните од Пелагонискиот регион да го искористат и унапредат своето знаење низ работни процеси кои развиваат и креираат дополнителна конкурентска вредност на финалните производи.

„За реализација на инвестициите компанијата веќе има обезбедено градежни парцели во индустриската зона Жабени, а во моментов сме во фаза на подготовка на Договорите за државна помош согласно Законот за контрола на државна помош“, рече Битиќи.

Заменик-претседателот на Владата, Битиќи, подвлече дека со реализацијата на оваа инвестиција уште една се покажува дека како држава имаме изградено реален капацитет и услови за поттикнување и реализација на нови инвестиции во делот на реалниот сектор, кои отвораат нови и добро платени работни места, кои откриваат нови хоризонти за развој и надоградба на работни вештини и знаења усогласени со потребите на високотехнолошки процеси на производство.

Ралф Хенинг Гросел, сопственик и менаџер на Брајнчајлд Продукција изјави дека нивната компанија изработува опрема за спортови на ветер од еколошки и оддржливи материјали од најсовремените технологии, со произвотсвени капацитеи во разни држави вклучително и  Азискиот континент, но дека условите за компаниите, особено подршката на Владата за инвестициите биле пресудни да го преселат нивниот бизнис во Северна Македонија.

„Бидејќи нашиот главен пазар е во Европа, размислувавме да го донесеме нашето произвотство овде. Фактот што Северна  Македонија е во срцето на Европа и поседува голем потенцијал во работна сила, но истовремено нуди и владина  финансиска поддршка на инвестициите,  беше многу ветувачки за нас, особено во плановите за изградба на нов произвотствен капацитет од 10 илјади метри квадратни“, изјави Гросел.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОНЛАЈНМЕДИА ОСТРО ЈА ОСУДУВА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА СДСМ Партијата мора да

27/01/2026
Македонија

ЧЕТВОРИЦА ДИЛЕРИ ПАДНАА ВО ВАЛАНДОВСКО Марихуана и хашиш патувале од

27/01/2026
Македонија

ПОВТОРНО ИМА ИНИЦИЈАТИВА ОД БРИСЕЛ ЗА СРЕДБА MAКЕДОНИЈА-БУГАРИЈА Членки на

26/01/2026
Македонија

ОБЛАЦИТЕ НЕ ПОПУШТААТ, ВРНЕЖИТЕ ТРААТ Кон крајот на седмицата доаѓа

26/01/2026
Македонија

Поплава во Струмичко: Удавени над 100 овци и јагниња, уништени

26/01/2026
Македонија

AKO E ЕУ ИСКРЕНА, НЕМА ДА ПРИМЕНИ НЕГАТИВНИ МЕРКИ КОН

26/01/2026
Македонија

НЕ МУ СЕ ПОЈАВУВААТ НА СЕДНИЦИ НА ФИЛИПЧЕ, КОЛКУ Е

26/01/2026
Македонија

Здружението ОНЛАЈНМЕДИА со реакција за етикетирање медиуми

26/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40654
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОНЛАЈНМЕДИА ОСТРО ЈА ОСУДУВА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА СДСМ Партијата мора да се надмине, а не да

27/01/2026

Здружението Онлајнмедиа.мк најостро ја осудува денешната прес-конференција на СДСМ, на која се напаѓаат и клеветат одредени медиуми, од кои дел

ЧЕТВОРИЦА ДИЛЕРИ ПАДНАА ВО ВАЛАНДОВСКО Марихуана и хашиш патувале од угостителски објект до лозја и

27/01/2026

Обвинител од Јавното обвинителство Гевгелија предложи мерка притвор за четири лица oд Валандовско кои се осомничени дека тргувале со марихуана

ПОВТОРНО ИМА ИНИЦИЈАТИВА ОД БРИСЕЛ ЗА СРЕДБА MAКЕДОНИЈА-БУГАРИЈА Членки на ЕУ го поздравиле Акцискиот план

26/01/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека од Брисел деновиве повторно има иницијатива за организирање средба

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy