Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи: Државата поддржува инвестиции и отворање нови работни места
Македонија

Битиќи: Државата поддржува инвестиции и отворање нови работни места

29/03/2023

AA

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска ја посети компанијата за производство на душеци „Алмеро“ во Гостивар, која наскоро ќе отвори над триста работни места. Оваа компанија добива поддршка од државата и, како што нагалси Битиќи, тоа дава резултати и придонесува во рамномерниот регионален развој.

– „Алмеро“ е една од многуте компании кои ги поддржуваме и работи во плански регион кој е помалку развиен и е надвор од скопскиот регион. Со ова го поддржуваме и рамномерниот регионален развој. Компаниите како „Алмеро“ се наш домашен производ и квалитет, кој е извезуван на светските пазари и ќе продолжат да се развиваат со партнерската поддршка на Владата, изјави вицепремиерот Битиќи

При посетата на фабриката, вицепремиерот Битиќи имаше разговор со раководството и се запозна со плановите. Тој напомена дека „Алмеро“ континуирано воведува ново ниво на квалитет и модерен дизајн на производи за спиење, душеци, наддушеци, кревети, перници, наменети главно за извоз кон земјите европските и земјите од западен Балкан, Словенија Хрватска, Белгија, Швајцарија

– Оваа компанија покажува агилност во време на кризи и вложува во квалитетот и конкурентноста. Токму поради ова Владата ја поддржува преку договорот за финансиската поддршка на вложувања во делот на мерките за пораст на капиталните инвестиции и приходи и за поддршка на зголемување на конкурентноста, рече Битиќи

Оваа гостиварска компанија добива финансиска поддршка за циклус од пет години (2021-2025), а минатата година добија 30 проценти од инвестицијата, односно околу 70 илјади евра. Лани започна со изградба нов производствен капацитет и објект со површина од 13 илјади квадратни метри. Според плановите, тоа ќе биде можност за отворање нови триста работни места.

Битиќи нагласи дека увозот на работна сила не е долготрајно решение и државата прави напори да ја подобри состојбата со недостигот на работници, посочувајќи го примерот на компанијата „Алмеро“.

На ваков начин, со отворање на нови работни места, со преквалификација и низ процесот на дуално образование ќе се подобри состојбата со пазарот на трудот и недостигот од работна сила. Долгорочното решение е доквалификација, реквалификација на нашите луѓе кои живеат тука и да се стекнат со нови вештини кои им се потребни на компаниите, подвлече Битиќи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42414
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026

Еврејската заедница во Македонија вечерва излезе со шокантна информација дека во текот на денешниот ден (12 април) бил извршен обид

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој последен ќе се смее?

12/04/2026

„Една голема шега“. Со оваа кратка, но остра оценка Емилија Стојменова Дух ја опиша актуелната политичка сцена во Словенија, отворајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy