Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи: Без структурни и системски промени нема отворање пат за одржлив раст и развој
Македонија

Битиќи: Без структурни и системски промени нема отворање пат за одржлив раст и развој

30/01/2023

AA

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска од владината конференција „Година на нови можности” порача дека без структурни и системски промени нема отворање пат за одржлив раст и развој.

Битиќи се осврна на мерките и политиките што ги презема Владата во период кога сме исправени, како што истакна, со сериозна криза. Тој во своето обраќање стави акцент на реструктуирањето на домашната економија како нужен процес, на Планот за економски раст и поддршката на инвестициите, не само странски, туку и домашни, на поддршката за истражување и развој во фирмите, како и на рамномерниот регионален развој.

Моментно, информира вицепремиерот, се работи на т.н. смарт специјализација – документ што ќе ги даде насоките на движење на економијата во секторите кои се клучни и креираат додадена вредност.

-Што се правиме околу вреднувањето на трудот? Воведуваме системски промени и поинаков пристап. Првпат во државата ни минималната плата, ни пензиите не се користат како алатка за уценување, туку има систем кој секоја година ги усогласува со јасните, претходно дефинирани критеруми зашто тоа ќе донесе одржлив раст и на минималната плата и достоинствено плаќање на трудот на нашиот пазар, подвлече Битиќи.

Накусо, тој се осврна и на антикризните мерки, посочувајќи дека нивното имплементирање било нужно за да се задржи ликвидноста на компаниите и да се задржат работните места.

-Во 2018 година беше одобрен Планот за економски раст со среднорочна развојна компонента што треба да влијае на реструктуирање на нашата економија. Почнавме да ги поддржуваме сите инвестиции, независно дали се домашни или странски. Со гордост можам да кажам дека денес имаме што да покажеме како исход. Владата не е фокусирана само на еден од параметрите – растот на БДП, туку клучно е дали се поддржуваат компаниите и дали бизнисот е подготвен да одговори на предизвикот да го донесе посакуваниот раст и развој. Во оваа прилика би нагласил дека многу добро знаеме како се привлекуваат инвестиции. Минатата година ја завршивме со 560 милиони евра странски инвестиции, а за тоа користиме нула средства на нашите граѓани, потсети Битиќи.

Според него, евидентни се и резултатите во однос на рамномерниот регионален развој.

-Наместо да се продлабочува, го намалуваме јазот меѓу регионите во државата. Од година во година растат инвестициите надвор од најразвиениот регион што е одличен резултат по еден макотрпен процес, заклучи вицепремиерот.

Говорници на панелот „Инвестиции и економски раст во услови на криза” се и директорот на Развојна банка Кире Наумов, академик Таки Фити, како и Илија Господинов од МАСИТ. Видео обраќање имаше и претседателот на Стопанска комора Бранко Азески.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

10/04/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026
Македонија

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка

10/04/2026
Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Алкохолот

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42346
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026

Променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот и услови за слаб локален дожд во источните и северните делови

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

10/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026

Девет лица се приведени по жестока тепачка што се случила ноќеска на Осломешка крстосница во Кичево, во која биле употребени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy