Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бислимовски: Реформата која се заснова токму врз принципот „Кој троши помалку, да плаќа помалку“, даде резултат
Економија

Бислимовски: Реформата која се заснова токму врз принципот „Кој троши помалку, да плаќа помалку“, даде резултат

03/05/2023

AA

Oд Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) велат дека сигурното и континуираното снабдување со енергија и енергенси
на сите потрошувачи – е клучната мисија што РКЕ ја реализираше во најтешката година на глобална
енергетска криза. Додаваат дека РКЕ продолжи да ги спроведува реформите во
енергетската регулатива, поради што петта година по ред  Енергетската заедница  ја оценува како најдобар регулатор. Ова стои во Годишниот извештај за
2022 година за работата на РКЕ. Тој е доставен до македонското Собрание.

https://www.erc.org.mk/odluki/2023.04.26_RKE%20GI%202022-FINAL.pdf 

„Минатата година ќе остане запаметена по тоа што спроведовме
реформа на тарифниот систем со воведување на 
Блок тарифи во пресметувањето на потрошувачката на електрична
енергија
. Оваа клучна регулаторна реформа беше првиот одговор на
енергетската криза поттикната од податоците дека во земјава 1 отсто од потрошувачите
трошат 20 отсто од домашната произведена енергија. Реформата се заснова токму врз
принципот „Кој троши помалку, да плаќа помалку“, што даде резултат – заштеда од
над 16  отсто на електрична енергија во првиот квартал од воведувањето на реформата“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Високите цени на електрична енергија беа мотив потрошувачите да почнат со
инвестиции во фотонапонски панели на постојните објекти, а произведената
електрична енергија ја користеа за 
сопствени потреби. Инсталираниот капацитет на обновливи извори се
зголеми на рекордни 144,4 MW, што пак влијаеше на намалување на вкупната
електрична енергија преземена од системот, објаснуваат од РКЕ. 

„Вкупно 267 централи од
обновливи извори на енергија се здобија со лиценци, со вкупен инсталиран
капацитет еднаков на три стратешки енергетски капацитети кои државата ги
градела со години – ХЕЦ Козјак, ХЕЦ СВ Петка и ветрениот парк Богданци“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

РКЕ во 2022 година издаде нови лиценци
за  вршење на дејностите во секторот за
топлинска енергија на ЕСМ СНАБДУВАЊЕ, ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА и ЕСМ ПРОДАЖБА, откако
претходно БЕГ побара престанок на своите лиценци.

Во делот на природниот гас со потпишувањето на Договорот за интерконекција
помеѓу ГА-МА АД Скопје и Булгартрансгаз се зголеми капацитетот на гасоводот,
како и се обезбеди можност Македонија да се
снабдува со гас од повеќе извори преку Република Бугарија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кои се новите министри во кабинетот на Мицкоски?

13/07/2026
Македонија

Со 69 гласа: Изгласани новите министри во Владата!

13/07/2026
Македонија

Брза реакција во Велес: Изби пожар кај Автобуската станица, оштетени

13/07/2026
Македонија

Јанев од Кочани: Нема да има поштедени за бегството од

13/07/2026
Македонија

Повторно врсничко насилство снимено и објавено на социјалните мрежи: Обвинителството

13/07/2026
Македонија

Голем дефект во Прилеп: Водоводна цевка ja поплави противпожарната единица

13/07/2026
Македонија

СВР Охрид и полицијата од Поградец со заеднички патроли против

13/07/2026
Македонија

Лина Ѓорческа напредуваше за 14 места на ВТА-листата по успехот

13/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кои се новите министри во кабинетот на Мицкоски?

13/07/2026

На својата 112. седница, Собранието со 69 гласа „за“ ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет предводен од премиерот Христијан Мицкоски.

Со 69 гласа: Изгласани новите министри во Владата!

13/07/2026

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите

Брза реакција во Велес: Изби пожар кај Автобуската станица, оштетени шест возила

13/07/2026

Брзата интервенција на велешките пожарникари спречи катастрофа откако денеска попладне избувна пожар на паркингот во близина на Автобуската станица во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy