Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бислимоски: Нови 300 MW капацитет од обновливи извори за енергија ќе бидат приклучени на мрежа годинава
Македонија

Бислимоски: Нови 300 MW капацитет од обновливи извори за енергија ќе бидат приклучени на мрежа годинава

29/04/2023

AA

Нови 300 мегават часови инсталиран капацитет од обновливи извори за енергија се очекуваат да бидат приклучени на мрежа годинава, што е двојно повеќе од минатата година, најави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и претседател на Бордот на регулатори од Енергетската заедница, при учеството на Енергетскиот самит во Неум, Босна и Херцеговина.

Според Бислимовски, со ова темпо на инвестиции за производство на струја од обновливи извори на енергија, државава за година и половина ги достигна таргетите од Зеленото сценарио што требаа да се реализираат до 2040 година од Енергетска стратегија.

Ние треба сега да ја ревидираме Енергетската стратегија во овој дел, затоа што околностите во енергетската криза драстично го променија темпото на реализација на инвестиции за производство на струја од Сонце, ветер и вода, рече Бислимоски.

Тој на панелот ги сподели искуствата на земјава која ги има во делот од Националниот план за енергетика и климатски промени.

Првиот човек на РКЕ, како што пренесува прес-службата на РКЕ, посочи дека декарбонизацијата е дел од енергетската транзицијата затоа што залихите на јаглен се трошат, а производството се пренасочува кон капацитети од обновливи извори и производство на електрична и топлинска енергија од високо ефикасни комбинирани постројки.

– На нашата мрежа се приклучени производни капацитети со инсталиран капацитет од 2000 MW, а во моментов четири пати е поголем интересот за инвестиции во обновливи извори и достигнува 8000 MW инсталиран капацитет, од кои најмногу се инвестиции во фотоволтаични централи и ветерни електрани. Решението се гледа во батериите за кои сега работиме на воспоставување на правила и процедура. Батериите и се поизвесната реализација на ХЕЦ Чебрен ќе служат за балансирање во електро-енергетскиот систем во земјава. Тоа е реалноста во процесот на транзиција кон која државата стратешки и со план се има поставено. Несомнено ќе имаме нова нормалност – од земја која до сега домашно производство на струја доминантно се базира на јаглен, сега ќе имаме производство од обновливи извори, рече Бислимоски.

Енергетскиот самит во Неум го отвори амбасадорот на САД во Босна и Херцеговина Мајк Марфи а на панелите учествуваа експерти од енергетскиот сектор, меѓу кои и Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy