Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бислимоски доби нов мандат за претседател на РКЕ
Македонија

Бислимоски доби нов мандат за претседател на РКЕ

26/07/2023

AA

Марко Бислимоски доби поддршка од пратениците за втор мандат за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпат на денешното продолжение на 120. sобраниска седница. За членови на ова тело беа избрани Александар Чаботарев, Фатон Амбари и Мерита Дема.

Собранието на Република Северна Македонија во продолжението на 120. седница ги избра Кети Петкова за член на Советот за јавни обвинители и Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација.

Пратениците донесоа и одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“во Република Либан.

Во рамките на седницата беше отворена расправа по предлогот за именување претседател и членови на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Пратениците на опозициската ВМРО – ДПМНЕ забележаа дека иако се работи за самостојно и независно тело, сепак предложените кандидати се партиски претставници. Според нив, кандидатот за претседател на совет на експерти на ова петчлено тело, Максуд Али, бил кандидат за пратеник на СДСМ во 2014 година. Тие изразија и сомнеж дека во изборот нема доволно дефинирани критериуми што значи експерт, кој би можел да раководи со Советот на експерти.

За членови на Советот предложени се Дарко Саздов, Борче Божиновски и Марина Макенаџиева.

Собранието претходно одржа и Свечена седница по повод 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје. Пратениците треба да продолжат со нова седница од 15 часот. На дневен ред на оваа седница е Предлог на одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на КПУ КПД Идризово.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РЕДОВНО ГУБИ НА ИЗБОРИ, ЗОШТО БИ САКАЛЕ НЕГОВА СМЕНА

29/09/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45859
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР САМУИЛ ОД ГРЦИЈА Радев се

29/09/2026

Останките што му се припишуваат на цар Самуил наскоро би можеле да го напуштат Солун, повеќе од половина век откако

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР САМУИЛ ОД ГРЦИЈА Радев се

29/09/2026

Останките што му се припишуваат на цар Самуил наскоро би можеле да го напуштат Солун, повеќе од половина век откако

ФИЛИПЧЕ РЕДОВНО ГУБИ НА ИЗБОРИ, ЗОШТО БИ САКАЛЕ НЕГОВА СМЕНА Тој е пиун на омразениот

29/09/2026

Го разбираме стравот на Венко Филипче дека постои опасност да биде променет во неговата партија, тоа е страв кој е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy