Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бесими: Владините политики се на три фронта – заштита на ранливите категории, сузбивање на инфлацијата и одржување на растот
Македонија

Бесими: Владините политики се на три фронта – заштита на ранливите категории, сузбивање на инфлацијата и одржување на растот

30/04/2023

AA

Високата инфлација влијае врз редистрибуцијата на доходот, успорување на потрошувачката, а со тоа и на забавување на економската активност и економскиот раст. Профитните маржи, кои во одреден дел се повисоки од реалното, прават притисоци кон цените и платите и со тоа ја одржуваат инфлацијата подолг период. Во време кога глобалната економија се соочува со повеќе предизвици, главно поврзани со упорната инфлација, креаторите на политиките ќе бидат насочени кон борбата со инфлацијата по секоја цена. Економските политиките на нашата Влада се насочени кон три фронта – поддршка на стандардот на граѓаните, особено на најранливите категории, понатаму, сузбивање на инфлацијата, како и поддршка на инвестициите и одржување на позитивни стапки на раст на кус рок, а потоа и негово забрзување.

Ова се заклучоците во најновата колумна на министерот за финансии, Фатмир Бесими, посветена на одржување на растот во време на забавување на глобалната економија, висока инфлација и редистрибуција на доходот.

Министерот во својата колумна ја објаснува редистрибутивната улога на инфлацијата, која вообичаено посилно ги погодува помалку доходовните семејства. Со реалокацијата на средствата кон побогатите, кои ќе ги акумулираат истите и нема да ги трошат, се влијае кон забавување на економската активност. Инаку, инфлацијата влијае и на редистрибуција помеѓу економиите, бидејќи растот на цените влијае врз конкурентноста на извозот.

Бесими посочува и на профитните маржи, кои влијаат на упорноста на инфлацијата, односно истата подолго да трае.

-Скоро прочитав една многу интересна анализа за корелацијата на инфлацијата со профитните маржи, која се базира на податоци од Евростат и аналитичкиот центар на „Блумберг“. Во анализата се поврзува дека земјите каде се установени највисоките профитни маржи, забележуваат и највисока инфлација во Европа, како на пример Литванија, Ирска итн. Ова впрочем беше забележано и од страна на Европската централна банка, дека високите профити на компаниите ги туркаат нагоре цените, како и платите. Секако, ваквата поставеност на темите е генерализирање на исклучоците, но интересно е за научна дебата и за носителите на економските политики. Притоа големо признание треба да се даде на бизнис заедницата за покажаната отпорност кон кризата и храброста за инвестициски зафати, како и иновативноста во нивните деловни решанија. Кризата секогаш е и нова можност, пишува Бесими.

Министерот понатаму наведува дека со цел ублажување на ефектите од кризата во услови на фискална консолидација се продолжува со таргетирана помош кон ранливите категории и субвенционирање на цената на електричната енергија за домаќинствата. Зголемувањето на минималната плата и воведувањето на механизам за прилагодување, согласно трошоците на живот и порастот на просечната плата е системско решение за заштита на нискодоходните категории на граѓани од инфлацијата.

-Наскоро, со две минимални плати ќе може да се наполни една минимапна потрошувачка кошничка, додека на пример пред неколку години беа потребни три минимални плати. Сличен механизам воведовме и со измените на законот за пензиите, како и законот за државна администрација за прилагодување со минималната плата. Се работи и на ново законско решеније за регулирање на платите на цел јавен сектор на начин што системски ќе се регулира заштита на животен стандард и следење на растот на економијата. Друг механизам на заштита на ранливите категории е гарантираниот минимален доход, како и други мерки како што се програмата за намалување на енергетска сиромаштија и други мерки“, пишува министерот за финансии и додава дека е воедно е зголемена и поддршката за стратешките земјоделски производи, за малите и средни претпријатија преку цената на електрична енергија, како и поволни кредитни линии за ликвидност и енергетска транзиција.

Бесими посочува и дека во услови на нарушени глобални синџири на додадена вредност и геоекономска фрагментација се отвора можност за привлекување нови странски директни инвестиции што ќе има дополнителен ефект врз економскиот раст во иднина. Оттаму, продолжуваат програмите за поддршка на домашните и странските инвестиции со фокус на тие што имаат поголема додадена вредност во производството, но и повеќе работни места со повисока образовна и професионална квалификација.

-Наша цел, покрај управување со ефектите од кризата, останува економскиот раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Притоа продолжува трендот на намалување на невработеноста и зголемување на платите во економијата, при што порастот на продуктивноста останува важен предизвик. Се зголемува поддршката за активни мерки во пaзарот на трудот за поддршка на нови работни места и нови мерки за поддршка на младите во работниот процес, како што е успешната мерка „Гаранција за младите“. Продолжуваме со здрави економски политики и реформи со цел зајакнување на конкурентноста на домашната економија, преку подобрување на инфраструктурата, деловната клима, владеењето на правото, дигитализација, зелената транзиција и енергетската независност, како и зајакнување на човечкиот капитал како клучна компонента на растот и развојот на економијата, заклучува министерот за финансии Бесими.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и

15/10/2026
Македонија

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ СО КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР

15/10/2026
Македонија

ДОЖД ВО ГРАДОВИТЕ, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ За викенд сончево и

15/10/2026
Македонија

ВО СЕКОЈА ПРИСТОЈНА ДЕМОКРАТИЈА ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ИЗБОРИ Ако побара СДСМ,

15/10/2026
Македонија

НЕМА ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА

15/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 25.000 ЛУЃЕ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП Министерството

15/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46195
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и македонската опозиција сакаат да ѝ

15/10/2026

Зад случајот со Ива Михаилова се крие политичка позадина за да ѝ се нанесе штета на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ ПРИСТИГНАТ ПРВИТЕ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ Се

15/10/2026

Градежните работи на брзата пруга од Табановце до Гевгелија би можеле да почнат напролет, откако навреме би биле завршени сите

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата е партнер на претприемачите, а

15/10/2026

Иднината на нашата држава не зависи од тоа колку гласно ќе зборуваме за економскиот развој, туку од тоа колку ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy