Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бесими: Сопствениците на недвижнини ја искористија ценовната криза и станаа побогати
Економија

Бесими: Сопствениците на недвижнини ја искористија ценовната криза и станаа побогати

30/04/2023

AA

Фатмир Бесими, министерот за финансии, во својата последна колумна пишува дека ценовната криза со зголемување на инфлацијата „позитивно“ влијаела кај имотните сопственици на недвижнини, што во овој период придонело уште повеќе да се зголеми јазот помеѓу сиромашните и богатите.

„Од друга страна, вредноста на капиталот во
недвижни средства се зголемува, бидејќи побарувачката за нив за време на криза
расте, како „заштита“ на вредноста на парите во услови на инфлација, одосно во
услови на раст на цените. Со тоа богатите семејства кои имаат капитал во
недвижности стануваат уште побогати. Преку оваа редистрибуција на доходот,
средствата се алоцираат од помалку имотните семејства, кои би ги
потрошиле средствата за своите животни потреби, кон семејствата кои имаат повеќе и би ги
штеделе тие средства или како што ќе каже нобеловецот
Џозеф Стиглиц „ги реалоциравме средствата од оние кои би ги потрошиле, кон оние
кои нема да ги потрошат“. Ова придонесува кон понатамошно продлабочување на
јазот помеѓу социјалните слоеви во општеството“, пишува Бесими.

Во прилог на тоа, според министерот, оди и податокот дека во 2020 година стапката на невработеност продолжила да опаѓа, но затоа
индексот на нееднаквоста (Џини коефициентот) пораснал за 0,7 процентни поени. 

„Инаку, вреди да се потенцира и дека за време на кризните години, во периодот од
2020-2023 година, како резултат на силните политики на Владата за задржување на
работните места и отворање нови, невработеноста продолжи да опаѓа и го достигна
најниското ниво досега (14,4%). Споредено со ЕУ (последните дадени податоци за
2021 година) стапката на сиромаштија е блиску до нивната медијана (21,7%), со
тоа што интервалот помеѓу земјите членки кај нив е голем и се движи од 34% во
Романија до 10% во Чешка. Покачување на процентот на стапката на сиромаштија се
случува во 2020 година. Џини коефициентот на ЕУ, исто така, е околу 30%,
додека стапката на невработеност согласно последните податоци за февруари
годинава е на најниско ниво во последните 15 години од 6%.“, додава тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГЕРАСИМОВСКИ ИМА МИСИЈА ДА ГО ОБЕДИНИ СДСМ Ќе најдат ли

16/10/2026
Македонија

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и

15/10/2026
Македонија

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ СО КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР

15/10/2026
Македонија

ДОЖД ВО ГРАДОВИТЕ, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ За викенд сончево и

15/10/2026
Македонија

ВО СЕКОЈА ПРИСТОЈНА ДЕМОКРАТИЈА ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ИЗБОРИ Ако побара СДСМ,

15/10/2026
Македонија

НЕМА ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА

15/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46196
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГЕРАСИМОВСКИ ИМА МИСИЈА ДА ГО ОБЕДИНИ СДСМ Ќе најдат ли заеднички јазик Филипче и Платформерите

16/10/2026

Потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, си задал цел да ги помири претставниците на Платформата 12:05 и

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и македонската опозиција сакаат да ѝ

15/10/2026

Зад случајот со Ива Михаилова се крие политичка позадина за да ѝ се нанесе штета на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ ПРИСТИГНАТ ПРВИТЕ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ Се

15/10/2026

Градежните работи на брзата пруга од Табановце до Гевгелија би можеле да почнат напролет, откако навреме би биле завршени сите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy