Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БЕСА: Груби да не лее крокодилски солзи и да ги разјасни причините за палењето на автомобилот
Македонија

БЕСА: Груби да не лее крокодилски солзи и да ги разјасни причините за палењето на автомобилот

23/07/2023

AA

Од Беса му порачуваат на првиот вицепремиер Артан Груби дека не треба да лее крокодилски солзи, туку да излезе на прес-конференција и да одговори на три прашања:

„Дали е вклучен во криминал и дали соработува со подземните криминални структури на РСМ, кои сега се обидуваат да ги расчистат „сметките со него“? Затоа што, овој сомнеж го отвораат синхронизираните и непосредни реакции на функционерите на ДУИ, АА и СДСМ во Владата.

Или намерно си го запалил личниот автомобил за да го сврти вниманието на јавноста од информациите кои секојдневно излегуваат во јавност и ги истакнуваат сомнежите за вмешаност во криминал и корупција на лидерот на ДУИ Али Ахмети и други функционери на ДУИ, како и злоупотреба на службената должност од негова страна, за што сведочеше и самата вицепремиерка Грковска.

И трето, тоа што својот луксузен автомобил го има регистрирано на туѓо име, Артан Груби мора да даде отчет и за тоа колку други имоти сокрил на туѓо име, и во име на членови на неговото семејство и други доверливи луѓе. Доколку Груби не го направи ова, ги повикуваме надлежните институции, Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да започнат истраги за Артан Груби врз основа на нивните надлежности.

Ние како Движење БЕСА, не веруваме дека овој настан е случаен, само неколку часа по појавувањето во медиумите на потпретседателот на Движењето БЕСА, Фатмир Лимани, кој откри вистински информации за сомнежите за криминал и корупција на лидерот Али Ахмети и неговото семејство, како и нови информации кои постојано ги откриваат медиумите. За оние кои се 20 години на власт и го угнетуваат народот, не им значи ништо да се запали автомобил за да се оттргне вниманието од вистинските проблеми на граѓаните.

Исто така, АА и неговите функционери мора да излезат пред граѓаните и да дадат отчет зошто молчеа за сите сомнежи за криминал што се појавија за ДУИ и нејзиниот лидер и беа „оживеани“ само кога требаше да се брани Артан Груби.

Го повикуваме раководсвтото на АА да го слушаат гласот на граѓаните и нивните поддржувачи, а не Артан Груби

И за крај, се надеваме дека Артан Груби со помош на АА, наместо да ја игра улогата на жртва, ќе се појави во јавноста за да ги разјасни причините за палењето на автомобилот!“, велат од Беса

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
Македонија

Скопјанец возел со 2,13 промили алкохол во организмот и без

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44938
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во вода, повредите на рбетот често

09/08/2026

На Клиниката за ТОАРИЛУЦ летово не се регистрирани нови случаи на тешки повреди при скокање во плитка вода, со исклучок

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy