Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Беса Адеми: Ажурноста на Врховниот суд се должи на заложбите за ефикасното постапување и одлучување по предметите и новиот Деловник
Македонија

Беса Адеми: Ажурноста на Врховниот суд се должи на заложбите за ефикасното постапување и одлучување по предметите и новиот Деловник

20/02/2023

AA

Врховниот суд на Република Северна Македонија е ажурен суд бидејќи го совладал приливот и го намалил заостатокот на предмети, посочува денеска усвоениот Извештај на Судскиот совет на Република Северна Македонија за работата на судовите за 2022 година.

Како што се наведува во соопштението од Врховниот суд, во Извештајот кој е поднесен до Судскиот совет, нотирана е ефикасната работа по предмети на Судот, динамиката на утврдувањето на начелните ставови, правни мислења и заклучоци, унапредувањето на судската практика во согласност со позитивната оценка на Европската Комисија за судот и во согласност со стандардите на Европскиот суд за човековите права.

Во Извештајот, исто така, се нотираат и податоците за целокупното административно и финансиско работење, подобрувањето на условите за работа, унапредената транспарентност и преземањето активности во поглед на независноста и ефикасноста на судството.

-Според претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, ажурноста на Врховниот суд се должи на заложбите за ефикасното постапување и одлучување по предметите за кое значаен придонес има и новиот Деловник на Врховниот суд кој како клучен документ за организирањето и ажурноста на судот се донесе после 23 години, стои во соопштението од Врховниот суд.

Судскиот совет на денешната седница едногласно со 13 гласа го разгледа и усвои Извештајот за работата на судовите за 2022 година, согласно кој судовите на ниво на државата не го совладале приливот на предмети и го зголемиле за околу 11 илјади. Согласно Извештајот од вкупно 34 суда, во 2022 година за ажурни се сметаат 19 меѓу кои е и Врховниот суд.

Врховниот суд за разлика од 2021 кога бил неажурен во 2022 се смета за ажурен, бидејќи го совладал приливот и го намалил заостатокот за 149 предмети, наведено е во Извештајот.

Во Извештајот на Судскиот совет за работата на судовите за 2022 година, за неажурни се посочени 15, од кои два апелациони.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ

13/10/2026
Македонија

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените

13/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО

13/10/2026
Македонија

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено

13/10/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е

13/10/2026
Македонија

РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара

13/10/2026
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ ПОСАКАТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Во

13/10/2026

Доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со рак

13/10/2026

  Во Офицерскиот дом во Битола вечерва се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Истрагата ќе открие како

13/10/2026

Обвинетата Ива Михаилова, која викендов се појави на медиумите во Бугарија, нелегално ја напуштила државата, а истрагата ќе покаже како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy