
Беровчани, никако не ja пијте водата од водоснабдителниот систем – има присуство на манган!
РЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ЈПКР „Услуга“ – Берово, во која се наведува дека од 12.11.2024 година, водата од водоснабдителниот систем во Општина Берово е забранета за пиење и готвење поради зголемено присуство на манган. Наредбата е издадена од АХВ ПО Берово.

