Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бектеши во посета на млечната индустрија: Бимилк е една од општествено одговорните компании која ги намали цените и пред одлуката на Владата
Македонија

Бектеши во посета на млечната индустрија: Бимилк е една од општествено одговорните компании која ги намали цените и пред одлуката на Владата

29/09/2023

AA

Бимилк во изминатата година делуваше проактивно во однос на ценовната политика и ги намали цените на најкупуваните млечни производи. Исто така, со наменски мерки насочени кон фармерите влијае и го поттикнува примарното млекопроизводство со цел одржливост на млечната индустрија во земјава. Една од најголемите млекарници во државата работи во полн капацитет и непрекинато го снабдува пазарот со млечни производи. Ова беше констатирано при денешната посета на Бимилк од страна на министерот за економија, Крешник Бектеши.

Создавањето услови за долгорочна одржливост на млечната индустрија и инвестиции во производството се дел од долгорочна стратегија на Бимилк.

„Бимилк како една од најголемите компании за преработка на млеко и млечни производи е еден од најзначајните фактори за домашната млечна индустрија. Не само што сме двигател на млечната индустрија, туку сме и значаен стопански фактор што влијае врз локалниот развој и со свој импут во економските показатели на земјата. Врз нашата работа ја носиме одговорноста за секојдневно и континуирано снабдување на пазарот со неопходните млечни производи, за ценовната одржливост и достапноста до граѓаните, за одржливоста на фармите и зголемувањето на млекопроизводството. Дури и во кризните години, што ги доживуваме во континуитет со бројни предизвици, ние дејствуваме проактивно со ценовни интервенции каде беше најпотребно и инвестираме во млекопроизводството со набавка на 250 јуници за развој на домашните фарми. Тоа се нашите приоритети и покрај сериозните проблеми со кои се соочуваме. Ситнењето и затворање на краварските фарми, создава реална загриженост за млекоснабдувањето на земјава и тоа не само сега, не само годинава туку и за понатаму и тоа уште поизразено. Тоа е реалноста во млечната индустрија, а за промена е потребна национална и долгорочна стратегија“, истакна Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Бимилк.

При посетата, министерот Бектеши беше запознаен со производните капацитети и стандардите на работа на млекарницата.

„Бимилк е една од општествено одговорните компании кои излегоа во пресрет во оваа ценовна криза и ги намалија цените на своите производи и се една од компаниите од млечната индустрија кои не ги зголемија цените кога заврши важноста на првите мерки на Владата за ценовната криза. Менаџментот на Бимилк покажа дека во ова кризно време се голема општествено одговорна компанија и со тоа им излегуваат во пресрет на граѓаните. Во делот на намалување на цените и мерките кои ги носи владата за инфлацијата, денес добивме одлични податоци од ова компанија која само за една година кога има глобална инфлација и глобално зголемување на цените во млечната индустрија, речиси за 25% имаат намалување на цената на нивните производи во малопродажба, што значи ако во октомври претходната година цената на млекото била 82 денари, моментално во малопродажба се движи од 60 до 62 денари и сме убедени, дека на таков начин и ќе продолжи што значи дека како општествена одговорна компанија и како компанија која се грижи за своите потрошувачи и без одлуката на владата направиле големи напори се’ со цел намалување на цените. Голема благодарност од мое лично име, во име на владата и на потрошувачите и преку вакви примери кои треба да се следат од сите производители и увозници, може сите заедно да влијаеме во подобрување на животниот стандард на граѓаните“, истакна министерот Бектеши.

Бимилк како прва и најстара млекарница во земјава, е еден од најголемите производители на млеко и млечни производи во Македонија. Со 71 година искуство и работа, секојдневно го снабдува пазарот и ги задоволува дневните потреби за млеко и млечни производи на повеќе од милион потрошувачи. Млекарницата директно вработува повеќе од 220 луѓе, а заедно со соработниците и компаниите со кои работи, овозможува егзистенција за околу 1500 семејства во земјата. Има воспоставено долгогодишна соработка и поддршка на своите кооперанти-фармерите млекопроизводители, која опфаќа вложувања во современа опрема и технологија за преработка на млеко, едукација, поддршка при набавка на сточна храна, механизација и опрема, вклучително и иницирање стимулативни мерки за развој на сточарството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Парада на гордоста во Скопје, се бара правно признавање на

20/06/2026
Македонија

Регистрирани десет пожари на отворен простор, еден е сè уште

20/06/2026
Македонија

ССМ: На четиричлено семејство му се потребни над 68.000 денари

20/06/2026
Македонија

Намалување на цената на горивата од понеделник, најави Мицкоски

20/06/2026
Македонија

Долги колони утрово на граничните премини кон Грција: се чека

20/06/2026
Македонија

Списокот за новиот владин кабинет до 1 јули пред пратениците,

20/06/2026
Македонија

Железницата запира: Десет дена без возови кон Велес, Битола и

20/06/2026
Македонија

Коалицијата „Менуваме“ најавува протест и бара правда за лицата со

20/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43846
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Парада на гордоста во Скопје, се бара правно признавање на родот, Закон за матична евиденција,

20/06/2026

Со пораки за еднаквост, прифаќање и видливост, денес од фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк започна осмата Парада на гордоста во

Регистрирани десет пожари на отворен простор, еден е сè уште активен

20/06/2026

До 18 часот, на територијата на целата земја се регистрирани десет пожари на отворен простор, од кои девет се целосно

ССМ: На четиричлено семејство му се потребни над 68.000 денари месечно; храната „голта“ третина од

20/06/2026

Четиричлено семејство во Македонија во јуни 2026 година имало потреба од најмалку 68.654 денари за покривање на основните месечни трошоци,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy