Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бектеши убеден: Од утре тестенините и млечните производи ќе бидат поевтини за 15 и 10 отсто
Македонија

Бектеши убеден: Од утре тестенините и млечните производи ќе бидат поевтини за 15 и 10 отсто

15/03/2023

AA

Министерот за економија Крешник Бектеши е сигурен дека од утре цените на тестенините и млечните производи во малопродажбата ќе бидат намалени согласно владината одлука, за 15 и 10 отсто.

Тој потсети дека оваа мерка е донесена врз основа на детални анализи и ниту една компанија, како што напомена, не трпи штети. Ако по 31 мај цените се нелогични, рече Бектеши, ќе следи повторно замрзнување.

-Сигурен сум дека владината одлука ќе се применува. Ги убедувам граѓаните дека цените на млечните производи и тестенините ќе бидат согласно утврденото намалување, а земјоделците и компаниите нема да бидат оштетени. Компаниите само нема да имаат дел од планираните профити. Утре очекувам во маркетите сите да работат согласно мерките, истакна Бектеши во вечерашното гостување на ТВ Телма.

Според него, не се очекува недостиг на производи иако Министерството за економија има механизми со кои може да реагира веднаш.

-Има институции кои прават контроли на пресметките, не ги носиме одлуките на памет, туку врз основа на детални анализи. Сите цени на суровините се паднати. Сите мора да работат согласно одлуките, очекувам дека тоа ќе го направат. Ниту една компанија нема да има загуба зашто е даден дозволен процент на профитна маржа што значи дека не се укинува одлуката за маржите, тоа продолжува да важи, само паралелно се замрзнуваат цените, потенцира министерот.

Тој уште еднаш повтори дека нема потреба од активирање на стоковните резерви зашто моментната цена на брашното во земјава е 26 – 28 денари што е големо намалување за речиси 20 отсто од претходниот период.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45037
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026

Пензионерите во Македонија во септември ги очекува ново зголемување на пензиите, кое овојпат треба да биде процентуално и да зависи

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy