Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бектеши: Тестенините ќе поевтинат за најмалку 10 проценти, одлуки и за маслото за јадење и за млечните производи
Македонија

Бектеши: Тестенините ќе поевтинат за најмалку 10 проценти, одлуки и за маслото за јадење и за млечните производи

06/03/2023

AA

Најверојатно до крајот на неделава ќе има одлука за цените на тестинините, за макароните и шпагетите, со минимално намалување од 10 проценти на постоечките цени, најави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој во гостување на ТВ 24 рече дека е убеден оти намалувањето ќе биде уште поголемо, а најави дека ќе следуваат и одлуки за маслото за јадење и за млечните производи.

Иако се очекуваше Владата утре нема да носи нови одлуки за замрзнување на цените на други прехранбени проозводи, по одлуката што беше донесена за лебот, бидејќи, како што објасни министерот се прават обемни анализи.

-Оние тестенини кои моментално се продаваат по 51 денар нема да бидат повеќе од 44 денари, а оние кои се по 60 денари нема да бидат повеќе од 52 денара. Значи ќе има големо намалување во тој дел, рече Бектеши.

До крајот на неделата, најави, ќе се донесе дополнителна одлука и за други производи, каде што влегуваат генерално млечните производи. На маслото за јадење очекува во наредните 10 дена сите домашни производители да имаат цена под 100 денари.

-Оваа недела зборуваме за тестенините, при крај е анализата за млечните производи, а јас очекувам да се следи примерот од една компанија која денеска излезе со пониски цени од страна на другите производители на млечни производи. Ако во случај не се следи тогаш до крајот на неделава ќе има одлука за млечните производи, рече Бектеши, посочувајчи дејка е во контакт со производителите на масло за јадење кои најавиле дека во наредните 10 дена цената ќе биде под 100 денари.

Бектеши воедно оцени дека е голем успех издадената еврообврзница и потенцираше дека „паѓаат во вода сите хистерии и драми во јавноста дека државата не си ја врши работата“.

-Ова е доказ дека владините институции се стабилни и оти се работи на подобрување на целокупната состојба во државата, рече Бектеши, посочувајќи дека трошоците на државата ќе бидат вкупно 6,3 проценти.

За нас, посочи Бектеши, е важно дека во рок од само еден месец имаше четири пати поголем интерес од инвеститорите.

Министерот Бектеши ги отфрли тврдењата на поранешниот министер за финансии Трајко Славевски дека реконструкцијата на Владата државата ја чини 18 милиони евра штета поради некоординираноста на владините ресори за издавање на еврообврзницата.

– Плативме превисока цена за некоординираноста на институциите. Во иднина некој ќе понесе одговорност за штетата, рече Славевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од полноќ: Бензинот поскапува за 4,5 денари, а дизелот за

17/08/2026
Македонија

Трет смртен случај од западнонилска треска, шестмина се во критична

17/08/2026
Македонија

Мисајловски за Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и

17/08/2026
Македонија

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

17/08/2026
Македонија

Уапсен 67-годишен битолчанец, предизвикал пожар во неговото поранешно стовариште

17/08/2026
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45061
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од полноќ: Бензинот поскапува за 4,5 денари, а дизелот за 6,5 денари

17/08/2026

Цените на горивата од утре повторно растат. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените

Трет смртен случај од западнонилска треска, шестмина се во критична состојба

17/08/2026

Уште еден пациент заразен со вирусот на Западен Нил починал во текот на викендот, со што бројот на смртни случаи

Мисајловски за Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за работа

17/08/2026

По повод 18 Август – Денот на Армијата, денеска пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот се одржа свечен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy