Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бектеши: Немаме интерес да го приватизираме МЕПСО, ниту дел од МЕПСО
Македонија

Бектеши: Немаме интерес да го приватизираме МЕПСО, ниту дел од МЕПСО

03/11/2023

AA

Никакви разговори не се водени за продажба на МЕПСО на грчката компанија ИПТО, ниту има понуда од грчката компанија до Министерството за економија. Немаме ни интерес да го приватизираме МЕПСО, ни дел од МЕПСО, тврди министерот за економија Крешник Бектеши.

– Во Министерството за економија сигурен сум дека нема понуди од страна на грчката компанија. Тие можеби посакуваат, но во делот на енергетската инфраструктура ние правиме напори тоа да остане на државата затоа што е стратешка инвестиција, стратешка компанија која може да влијае во делот на безбедноста, вели Бектеши во Тема на денот на ТВ Сител.

Во однос на укажувањата дека оваа година имало две средби помеѓу претставници на МЕПСО и на Грчкиот електроенергетски оператор – ИПТО, тој, вели средби може се одржале, но Владата е таа која носи одлуки за тоа, дали ќе сака да го зголеми капиталот, да направи докапитализација, да оди на јавно – приватно партнерство и друго.

-Такви одлуки во Владата нема затоа што ние сме го направиле спротивното. Ние таму каде сме имале приватен партнер во делот на гасоводот ние ги купивме нивните акции се со цел делот на енергетиката да биде во стопроцентна сопственост на државата, вели Бектеши

Прашан во контекст на Акцискиот план за спроведување на Преспанскиот договор, каде во делот на енергетиката, произлегува дека Владата се согласила да се разгледа можноста за влез на ИПТО со инвестиции во нашиот систем, министерот Бектеши појасни дека во тој договорот од Преспа се предвидени неколку точки не само во економијата туку и продлабочување на економијата, а како можност се предвидуваат и други работи како нафтовод, интерконекторот кој е при крај.

– Ова не е ни почнато, но немаме ни интерес да го приватизираме МЕПСО, ни дел од МЕПСО, дециден е Бектеши.

За забелешките на експертската фела за владината одлука концесијата за изградба и управување со хидроцентралата Чебрен во јавно-приватно партнерство да ја даде на грчка компанија, министерот посочува дека за овој проект е разговарано со децении, имаше повеќе неуспешни обиди и за прв пат имаме конкретен понудувач, кој приофатил, согласно спецификациите кои се пообарани ЕСМ да биде вклучен во сопствеништвото.

– Да биде јасно за граѓаните, ние сме ставиле дополнителни услови кои мора да ги прифати потенцијалниот приватен инвеститор ако сака да склучиме договор. Договорот уште не е склучен меѓу МЖСПП и грчката компанија. Ако се прифатат условите на Владата предвидени во тендерската документација кои наводно биле спорни од страна на потенцијалните понудувачи, тогаш ќе одиме на таков договор. Ако не се прифатат тогаш нема ништо спорно, се ќе биде транспарентно објавено и тоа ќе биде во интерес на државата, вели Бектеши.

До овој момент во Владата не е пристигнат одговор од грчката компанија иако во МЖСПП веќе се разговара за условите кои се поставени од страна на Владата, вели Бектеши.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42410
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè чекаат дождови и грмотевици

12/04/2026

Во текот на новата седмица односно во периодот од 13 до 19 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси се отворени, вели ВРЕДИ

12/04/2026

Младите се двигател на развојот, државата ги отвора вратите на пазарот на трудот, вели коалицијата ВРЕДИ  истакнувајќи дека со  Оперативниот

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен 35-годишник

12/04/2026

Маж од кратовско е лишен од слобода откако пукал со огнено оружје кон возило на лице од Куманово, при што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy