Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бектеши бара ЕСМ да каже колку пари троши за набавка на струја од берза, од таму велат дека поранешниот министер е виновен за таа ситуација
Економија

Бектеши бара ЕСМ да каже колку пари троши за набавка на струја од берза, од таму велат дека поранешниот министер е виновен за таа ситуација

14/10/2024

AA

АД ЕСМ излезе со реакција против поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, кој вчера во „Тема на денот “ на ТВ Сител рече дека државните електрани треба да објават јавно колку пари трошат за набавка на електрична енергија преку македонската берза, покрај јавно достапните набавки на увозна струја со огласување на тендери.

„Крешник Бектеши како поранешен министер за
економија, во чија надлежност  до
неодамна  беше и енергетиката, наместо да
преземе одговорност за затекнатите лоши состојби во оваа дејност, шета по
медиуми и критикува за состојби директно создадени од неговите политики. Тој
како кадар на ДУИ и раководителите кои 
оваа партија ги поставила  во
рамките на енергетските компании, преку низа погрешни потези, одиграле значајна
улога да го доведат АД ЕСМ во незавидна состојба. Факт е дека претходната власт
не успеала да реализира ниту еден енергетски проект кој ќе придонесеше кон
енергетската независност на Македонија, или барем ќе ја намалеше увозната
зависност на земјата од енергија.

Наспроти тоа, од некогаш силна компанија во државна
сопственост,  со нестручно
управување  создале фирма со милионски
долгови и загуби, наследени доспеани долгови, очајна техничко-технолошка
подготвеност на производните капацитети, лошо изведени или воопшто непочнати
ремонти,  празни хидроакумулации и
неплански третирани рудници за јаглен“, реагираше денеска ЕСМ.

Бектеши вчера рече дека ЕСМ на дневно ниво купува од 150 до 200 мегаватчасови струја за надополнување на она што не може да го произведе, но и дека компанијата купува и електрична енергија од берзата на националниот оператор на пазарот МЕМО која беше отворена лани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
Македонија

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ

14/02/2026
Македонија

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026
Македонија

Струга сè уште без чиста вода: Приватна институција од Скопје

14/02/2026
Македонија

Вештачењето во „Онкологија“: Стручни мислења и контроверзии околу документацијата

14/02/2026
Македонија

Декларацијата за независност – сведоштво напишано со срце и на

14/02/2026
Македонија

Уапсени две лица во Скопје, си ги криеле регистарските ознаки!

14/02/2026
Македонија

НАДМУДРУВАЊЕ СО „СЕЈФ СИТИ“ Се обиделе да ги прикријат таблиците,

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41478
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската соработка

14/02/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари значајна средба со Гинтер Крихбаум, државен министер за Европа

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ ТРАЕН Мицкоски се сретна со

14/02/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на престојот во Минхен оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на која фокусот

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026

Дваесет и осумгодишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена за 3.000 евра, откако поверувала во понуда за заеднички бизнис.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy