Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Беџети: Кривичната пријава е политички монтирана, Мицкоски врши притисок врз пратениците
Македонија

Беџети: Кривичната пријава е политички монтирана, Мицкоски врши притисок врз пратениците

14/11/2025

AA

Пратеникот од ДУИ и поранешен градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, денеска во Собранието се огласи по повод кривичната пријава поднесена против него и уште неколку лица, за наводна проневера на 108 милиони денари (1,7 милиони евра). Тој оцени дека станува збор за политички монтиран процес, кој, како што рече, има за цел да се изврши притисок врз него како пратеник и да се зголеми парламентарното мнозинство.

Управата за финансиска полиција вчера до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе пријава против повеќе лица, меѓу кои и Беџети, под сомнение дека групата, предводена од тогашниот градоначалник, измислила урбанизација на парцела која не била опфатена со ДУП, изработила лажна дозвола за градба и пресметка за надомест за уредување земјиште, како и дека бил спроведен „технички преглед“ на нелегално изграден објект во сопственост на фирма од Глумово, родното село на Беџети.

Беџети категорично ги негираше наводите и порача дека ќе поднесе пријава против директорот на Финансиската полиција, Слободан Ивановски, неговиот заменик Илбер Имери и уште две лица, за кои тврди дека се дел од „организирана банда“ која режира политичка хајка против него.

„Ниту јас, ниту кој било пратеник на ДУИ нема да подлегне на притисоците на власта. Имаме докази за наредби кои директно доаѓаат од премиерот Мицкоски и кои се обид да се влијае врз мене како пратеник. Нашата борба за правата на Албанците е чесна и никој од нас нема да премине во ВЛЕН“, изјави Беџети.

Во однос на тврдењата дека бил издадено одобрение за градба без ДУП, Беџети рече дека планот бил донесен во период кога тој бил градоначалник, а градоначалник на Скопје и министер биле кадри од ВМРО-ДПМНЕ.

„Постои детален урбанистички план, а сите постапки на општината се спроведени законски, со валидни документи. Нема штета, нема умисла, ниту некоја корист“, нагласи тој, додавајќи дека издавањето дозволи за градба е законска обврска на градоначалникот, а не кривично дело.

Тој ги отфрли и тврдењата дека општината претрпела штета од над 108 милиони денари, оценувајќи ги како „измислица за медиумски спектакл“.

На прашањето дали го познава инвеститорот, Беџети рече дека како градоначалник во три мандати познавал многу граѓани и компании во Сарај, но додаде дека не е близок со него.

Говорејќи за гласањето во Собранието за закони што бараат Бадентер, тој порача дека пратениците на ДУИ не се „декор на мнозинството“ и ќе поддржат само предлози што се во согласност со европските стандарди.

Финансиската полиција, пак, соопшти дека пријавата е поднесена против осум лица – поранешни општински и скопски функционери, како и надзорен инженер. Тие се сомничат за злоупотреба на службената положба, несовесно работење и фалсификување или уништување деловни книги.

Според истрагата, и покрај тоа што за парцелата во Сарај немало донесен ДУП, биле изготвени и одобрени извод од план, дозвола за градба и пресметки за комуналии со невистинита содржина. Надзорниот инженер, како што се наведува, извршил и технички преглед и составил извештај со невистинити податоци.

Финансиската полиција тврди дека на овој начин фирмата „Азра Идриз“ ДООЕЛ се стекнала со противправна имотна корист од 108.638.840 денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
Македонија

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно

10/09/2026
Македонија

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026
Македонија

Д-р Цана: Западнонилската треска остава долготрајни последици – специфичен лек

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: Ни се закануваа дека ќе го срамнат Собранието и

10/09/2026
Македонија

Тензично на Советот на Кисела Вода: Бараа обезбедување по расправијата

10/09/2026
Македонија

Гоцевски за преговорите со ЈНА: Генерал ни кажа договорот да

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45630
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за водата со фекалии во Гостивар

10/09/2026

Поранешната директорка на Јавното претпријатие „Комуналец“, Артана Асани, ќе биде во куќен притвор, откако гостиварскиот суд ја замени мерката затворски

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно без терапија

10/09/2026

Пациентките кои се борат со рак на дојка повторно се соочуваат со недостиг на клучна онколошка терапија. Преку социјалните мрежи,

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026

Единаесетгодишниот пијанист Андреј Цековски оствари голем меѓународен успех со освојувањето на првото место на престижниот натпревар International Youth Music Competitions.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy