
Барса успеа во својата намера – регистриран е Витор Роке
Бразилецот дојде минатата недела од Атлетико Параненсе, но до денеска беше неизвесно дали Барса ќе успее да го запише во регистарот поради нерешени проблеми околу финансискиот ферплеј. На крајот, тоа е направено и Роке ќе конкурира за утрешниот натпревар против Лас Палмас.
Претседателот Жоан Лапорта пред две недели најави дека каталонскиот клуб нема да се задржи само на Роке, туку ќе бара и засилување во средниот ред.

