
Балканска земја сака да „увезе“ работна сила од Филипини, Грузија, Молдавија, Украина, Турција
Словенија ќе „увезува“ работници од Филипините.
Како што објави Н1 Словенија, премиерот Роберт Голоб сака да ја спаси годинашната туристичка сезона со работници од Филипини. Таму владата планира да отвори конзулат. Сака да склучи договори за вработување со Филипините и со уште шест други држави. Голоб зборуваше за тоа како владата има намера да го реши проблемот со големиот недостиг на работна сила во Словенија. Покрај полесното продолжување на дозволите за престој на странци во земјата, што ги донесе измената на законот за странци, Голоб особено ја споменува неопходноста од организиран увоз на работна сила. Словенечката Влада сака да потпише договори со Молдавија, Грузија, Украина и Турција, соопшти Министерството за труд. Во соседна Србија има работници од многу држави кои се посиромашни од балканските.
foto freepik.com/travellaggio