Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Азески од Самитот во Истанбул: Слободната и фер трговија треба да биде приоритет во глобалната економска трансформација
Економија

Азески од Самитот во Истанбул: Слободната и фер трговија треба да биде приоритет во глобалната економска трансформација

17/10/2024

AA

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески учествуваше на Самитот на Европа и Азија, што се одржа во Истанбул, на тема: „Колаборативен пристап кон климатска акција“, во организација на Светската коморска федерација (World Chambers Federation – WCF) и Унијата на комори и стокови берзи на Турција (TOBB).

Дебатирајќи за улогата на коморите во поттикнувањето на глобалната економска трансформација и климатските промени, највисоките претставници од коморите и деловните лидери се согласија дека слободната и фер трговија треба да биде приоритет, наспроти протекционистичките трендови во одредени области. Имајќи предвид дека 75 отсто од глобалната трговија е регулирана со правилата на СТО, кои обезбедуваат стабилност и предвидливост, бизнис-лидерите порачаа дека за да се одговори на предизвиците на 21 век, мора да се работи на зачувување и подобрување на овие правила.

Во бројните средби во рамки на Самитот со претседателите на стопанските комори, Азески истакна дека СКСМ инсистира да се идентификуваат полињата на соработка помеѓу науката и бизнисот на планот на одржливиот развој и зелената економија, со цел преку стручна и научно-базирана основа, компаниите да се приспособат кон современите трендови во насока на зголемување на конкурентноста и исполнување на строгите услови и критериуми на ЕУ и другите пазари. Азески ја нагласи и важноста на Софиската декларација за Западен Балкан од 10 ноември 2020 година, која ги обврза земјите од овој регион да ја имплементираат зелената агенда и во делот на минималното испуштање на јаглерод, но и во други пет области: климата, енергијата, циркуларната економија, загадување и одржливо производство на храна.

Во рамките на овој настан, Азески оствари средба со претседателот на Трговско-индустриската комора на Текирдаг, Џенгиз Гунај, утврдувајќи ги правците за заедничка натамошна соработка.

Овој настан беше одлична можност да се разменат информации за најновите случувања околу климатските промени и да се подигне свеста за практиките што коморите и бизнис-заедницата ги спроведуваат како одговор на размислувањата за климатските ризици, вклучувајќи инвестициски планови, корпоративни стратегии и корпоративни активности на планот на општествената одговорност. Со тоа тие и практично покажаа дека зелената трансформација не е далечна цел, туку можност и предизвик за компаниите, укажувајќи дека е крајно време да се преземе проактивна улога и во зелената транзиција на економиите од регионот, за да се направи регионот и економски стабилен и одржлив.

На првиот состанок на Советот на жени при коморите во рамки на WCF, на кој од Стопанската комора на Северна Македонија учествуваше д-р Елена Милевска Штрбевска, претседател на Постојаниот избран суд – Арбитража при Комората, се дебатираше за предизвиците и можностите со кои се соочуваат жените во нивните лидерски улоги во коморите и во компаниите. Преку споделените искуства на жените во бизнис-светот се упати порака дека различноста меѓу половите овозможува меѓусебно надополнување што треба да придонесе за  подобар успех на тимовите, проектите и плановите, особено имајќи ги предвид предностите на жените како стрпливи и одлични преговарачи, моќни лидери со претчувство за ризик и навремено реагирање во кризни ситуации, како и природниот инстинкт за грижа за тимот, што може да доведат до корпоративен напредок и развој.

Пр Објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници,

25/09/2026
Македонија

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин

25/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45797
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на нива кај Ораовица

25/09/2026

77-годишен жител на Радовиш починал на нива во атарот на радовишкото село Ораовица, откако врз него паднала гранка од топола

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во зимскиот период

25/09/2026

Крајно време е Венко Филипче да си замине од СДСМ. Она што луѓето од Платформата 12.05 одлучно и јавно му

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници, дата центри, на сè што

25/09/2026

  Венко Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, па затоа нека се посвети малку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy