
Автобусот му избегал на Мацари, од Рим до Неапол се враќал со такси!
По болниот пораз од Рома, Мацари долго време се задржал на прес-конференцијата, во разговорите со медиумите.
Автобусот со фудбалерите и другите членови од стручниот штаб заминал, веројатно го заборавиле Мацари и подоцна сфатиле дека го нема.
Стратегот на Наполи бил приморан да си оди со такси до дома, му требале повеќе од два часа возење за да се врати.
