Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЈАВНОСТА БУРНО РЕАГИРА ЗА КУЌНИОТ ПРИТВОР НА ГРУБИ, ОЈО ОДГОВАРА Институцијата ја објасни мерката
Македонија

ЈАВНОСТА БУРНО РЕАГИРА ЗА КУЌНИОТ ПРИТВОР НА ГРУБИ, ОЈО ОДГОВАРА Институцијата ја објасни мерката

24/02/2026

AA

Утрово МВР го уапси Артан Груби на граничниот премин Блаце.

Јавното обвинителство реагираше по бурните реакции во јавноста за мерката куќен притвор определена за поранешниот вицепремиер Артан Груби во предметот „Државна лотарија“, нагласувајќи дека одлуката е донесена исклучиво врз основа на закон.

Од обвинителството велат дека институцијата, како самостоен орган, при предлагање мерки за обезбедување се води единствено од законските услови.

Според нив, куќниот притвор со 24-часовен надзор претставува притворска мерка, иако не се издржува во затвор.

— Согласно Законот за кривична постапка, куќниот притвор е притворска мерка кога се исполнети законските услови — посочуваат од обвинителството.

Одлуката, како што објаснуваат, била донесена по проценка на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност, кои доставиле информации дека во притворското одделение не може целосно да се гарантира личната безбедност на осомничениот.

Овие наоди биле презентирани пред судијата на претходна постапка.

Обвинителството нагласува дека најважно е што осомничениот е обезбеден и дека кривичниот прогон продолжува.

Против Груби се води постапка за сомнение за кривично дело „проневера во службата“ според член 354 од Кривичниот законик.

Од обвинителството информираат дека веќе е спроведена финансиска истрага и дека најголемиот дел од доказите се обезбедени, а одбраната има увид во материјалите.

Воедно, обвинителите уверуваат дека постапуваат одговорно и во рамки на своите законски надлежности.

Имајќи го предвид зголемениот јавен интерес за случајот „Државна лотарија“, од обвинителството повикаа на воздржаност од коментари за донесените одлуки, со цел да се овозможи ефикасна и правична постапка.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава против седум лица за измама поврзана со сообраќајна

24/02/2026
Македонија

Платите на функционерите ќе се скратат од 10.000 до 13.000

24/02/2026
Македонија

ЗА ОКОЛУ 200 ЕВРА ЌЕ ИМ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ НА

24/02/2026
Македонија

ФОТО Затворен патот кон Теферич поради оштетување

24/02/2026
Македонија

Димитријевиќ: Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè

24/02/2026
Македонија

Во Струга е приведен неготинец осуден на 4,5 години казна

24/02/2026
Македонија

Хуманоста покажана повторно на дело: Хотел „Фламинго“ Казино ја реализираше

24/02/2026
Македонија

ЈАВНОСТА БУРНО РЕАГИРА ЗА КУЌНИОТ ПРИТВОР НА ГРУБИ, ОЈО ОДГОВАРА

24/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41855
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривична пријава против седум лица за измама поврзана со сообраќајна незгода во Тетово

24/02/2026

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(20) од с.Горна Речица, Н.М.(66) од с.Мала Речица, И.И.(51) од Тетово, А.Р.(58) од Тетово,

Платите на функционерите ќе се скратат од 10.000 до 13.000 денари: ВМРО-ДПМНЕ поднесе законски измени,

24/02/2026

Платите на избраните и именуваните функционери ќе претрпат значително намалување од 10 до 13 илјади денари, а кај одредени позиции

ЗА ОКОЛУ 200 ЕВРА ЌЕ ИМ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ Измените ќе важат од

24/02/2026

Група пратеници во Собранието поднесе предлог-измени на шест закони со кои се регулира прашањето на платите на избраните и на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy