Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Асоцијација за цистична фиброза: Сите партии во Собрание да поддржат измени во закон да се добие лекот ,,трикафта”
Македонија

Асоцијација за цистична фиброза: Сите партии во Собрание да поддржат измени во закон да се добие лекот ,,трикафта”

09/02/2023

AA

Сите партии во Собранието да поддржат измени во закон да се добие лекот „трикафта”, апелираа од Асоцијацијата за цистична фиброза, по нивниот прием кај премиерот Димитар Ковачевски.

-Првичната информација беше дека под итно се оформува тело што ќе ги направи предлог измените за Законот за јавни набавки, Законот за лекови и Законот за здравствено осигурување, информираше Столе Бојков, родител, дел од Асоцијацијата.


Тој ги повика сите партии во Собранието да го поддржат Законот за што побрзо да се изгласа и да може да се овозможат директни преговори со производителот на неопходниот лек „трикафта”, за пациентите побрзо да дојдат до посакуваниот лек.

Претседателот на Асоцијацијата, Фики Гаспар информираше дека се обезбедени над 2.200.000 евра што ќе се искористат во најбрз рок, за да може да се даде лекот на најкритичните пациенти.


– Исто така, тоа што е многу битно за нас, се направи тригодишна програма што ќе ги покрие сите пациенти и во рок од три години ќе се добие лекот за сите пациенти. Не како што беше до пред тоа, одредени шпекулации со бројки и до функционалност на белите дробови и до многу други параметри, што е за големо поздравување, соопшти претседателот.

Како што нагласи, ако работите се движат како што се преговарало со Владата, ќе се дојде до системско решение на проблемот на сите пациенти со цистична фиброза, за да се спасат од агонија.


-Се надевам дека решение ќе се најде и за другите ретки болести што ќе ги имаат пациентите, дециден беше претседателот.

Од Асоцијацијата изразија надеж дека лекот ќе стигне за помалку од три недели, и дека ќе се следи ситуацијата. Исто така, посочија дека болеста е многу непредвидлива и затоа лекот треба да дојде, за да се превенира, да не дојде до наредни трагедии, како таа на пациентот Благојче што почина.

– Да не дозволиме подмолноста на оваа болест да ни одземе уште еден живот, беше пораката упатена преку медиумите.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026
Македонија

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45278
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026

Во текот на изминатите три дена (24/25/26.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје продолжува со секојдневно одржување на хигиената околу садовите за одлагање комунален отпад, при што екипите рачно ги

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак работат во сивата економија

26/08/2026

Над 90 илјади работоспособни граѓани во Северна Македонија се водат како невработени. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy