Ашковски со првенец за Ламија, ќе игра полуфинале во Купот на Грција!
Ашковски летоска од романски Сепси се пресели во Ламија и имаше една асистенција во вкупно 13 настапи за овој клуб во првенството и Купот, па денеска погоди во 20-та минута за да израмни на мечот, а до полувреме неговиот тим додаде уште два гола за да ја обезбеди победата, а со тоа и полуфиналето зашто имаа предност по првиот меч со триумфот со 2-1.
Во завршницата од денешниот меч, Ламија пред крајот на регуларниот дел даде втор гол, па Ламија одговори со четврти во судиското надополнување во период кога Ашковски повеќе не беше на теренот и беше заменет во 82-та минута, откако сè веќе беше јасно за победникот.
Ламија сега го чека реваншот во Атина помеѓу Панатинаикос и ПАОК за да дознае со кого ќе се сретне во битката за финалето, а солунската гордост има предност од 2-0 од првиот меч на домашен терен. Во првото полуфинале ќе играат АЕК Атина и Олимпијакос, кои го заверија пласманот меѓу најдобрите четири.