Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јасен – најмистичното место во Македонија
Македонија

Јасен – најмистичното место во Македонија

18/08/2025

AA

Речиси и да не постои некој кој што не чул за природниот резерват Јасен, но исто така не постои ни човек кој знае се за него. Тоа од Јасен кој што по правило би требало да биде природен резерват прави едно од најмистичните места во нашата земја.

Формиран уште во далечната 1958 година од тогашните југословенски власти. Од тогаш овој предел кој што се наоѓа во непосредна близина на Скопје станува недостапен за јавноста. Тоа кај народот ќе пробуди голем интерес и нагодување. Но во тоа време ретко кој се осмелувал јавно да запраша што навистина се случувало таму. Тајна која му била позната само на највисокото воено и политичко раководство.

Јасен била главната препрека поради која не бил изграден патот кој што би требало да ги поврзе поречките села со Скопје. За изградба на овој пат било потребно да се изградат уште само осум километри од патната мрежа. Но овие километри се наоѓале на територијата на Јасен. Поради тоа жителите на голем број на поречки села кои се наоѓале само на неколку десетици километри одалеченост од Скопје морале да поминат над 160 километри, односно за Скопје да одат преку Македонски Брод, Кичево и Тетово. Дури во деведесетите години народот ќе го дознае она во кое што и се сомневал, дека таму се наоѓаат важни воени објекти на југословенската армија.

На површина од 39.000 километри во резерватот “Јасен” сместени биле повеќе објекти за обука и вежби на одбранбните сили, како и за сместување на целиот државен врв во време на војна. Подземното скривалиште, се наоѓа во месноста Коломит, на надморска височина од околу 1000 м. Во скривалиштето се влегува преку навидум обична планинарска куќа, низ лавиринт од подземни ходници, се доаѓа до централната просторија од каде државно-командниот врв би можел да управува со земјата во време на војна.

Овој објект е граден и може да обезбеди нуклеарно-хемиска и биолошка заштита на луѓето што би командувале со одбраната во време на конфликт. Во овој објект може да се сместат 50 луѓе на подолго време, има доста пропратни објекти каде може да се смести храна, вода и се она што е потребно. Поради недопрената природа местото за брзо време станува едно од омилените ловишта на тогашниот претседател, Јосип Броз Тито. Се претпоставува дека заедно со Тито во ловиштето Јасен доаѓале многу познати светски лидери. Во ловот всушност лежат и најголемите потенцијали за развој на туризмот во овие предели.

Тука постојат идеални услови за развој на елитниот туризам кој како по правило носи големи количини на девизи. Посебна ловна атракција претставуваат дивокозата, дивата свиња, муфлонот, еленот, срндакот, волкот, лисицата и многу други видови дивеч со кои изобилува Јасен. Но потенцијалите за развој не лежат само во ловот, недопрената природа и близината до главниот град се очекува по изградбата на патот од Јасен да направата една од омилените туристички дестинации во нашата земја.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy