Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Арсовска по пресудата: „Командант Барути“ цинично се смееше и не покажа ни трошка каење
Македонија

Арсовска по пресудата: „Командант Барути“ цинично се смееше и не покажа ни трошка каење

03/09/2025

AA

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја поздрави вчерашната судска одлука со која Сулејман Љамалари беше осуден на двегодишна затворска казна за нападот врз неа, оценувајќи ја како „системска победа за жртвите на насилство“. Во својата реакција, таа упати и остри критики кон напаѓачот, но и кон министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Ова е победа за секоја жена и мајка, но и за одбрана на институцијата градоначалник“, напиша Арсовска, додавајќи дека напаѓачот не покажал ни трошка каење и континуирано се исмевал со судот и јавноста.

„Дури се обиде жртвата да ја претстави како напаѓач, а себеси, иако е насилник, да се претстави дека бил тепан од жена“, истакна градоначалничката.

Според неа, Љамалари, познат како „командант Барути“, до последен момент бил уверен дека ќе избегне казна. Арсовска го посочи како најбизарен моментот кога неговата адвокатка во завршните зборови, како што вели, се обидела да изврши притисок врз судот, користејќи изјава од министерот Тошковски дека „напаѓачот бил жртва“.

„Запаметете ја оваа мудра министерска мисла: ‘НАПАЃАЧОТ БИЛ ЖРТВА’. Затоа има фемициди, затоа жените кои се жртви на насилство не можат да се изборат со системот, бидејќи системот ги брани напаѓачите“, напиша Арсовска во својата објава.

Основниот кривичен суд во Скопје вчера го прогласи Сулејман Љамалари за виновен за грубо насилство извршено на 11 јули, кога Арсовска беше на терен поради дивоградби во општина Чаир. Во казната ќе се засмета и времето поминато во куќен и затворски притвор. Љамалари, кој за време на судењето призна дека ја навредувал, но не и дека ја удрил, останува во притвор до правосилноста на пресудата, на која има право на жалба.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy