Арсовска: Од МКЦ изнесена готовина од 100.000 евра без основа, ангажирани шанкери за 750 евра
Градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на прес конференција обвини дека екс директорот Ванчо Богоев ангажирал противзаконски 250 лица како хоноррарци, од кои повеќето биле блиски до неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.
„Во 2022 постигнати се преку 250 договори спротивно на закон, без да се ангажира авторска агенција. Зборуваме за 250 ангажмани спротивно на позитивните законските прописи за кои ќе треба да се даде отчетност. Исплаќани се илјадници евра без почитување на ниту една постапка, ниту закон“, вели Арсовска.
Таа додава дека нив има истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ, а има над 90 за времено ангажирање на шанкер за 350 до 750 евра на месец.
„Од главната благајна се подигнати 100.000 евра без основа за повлекување на овие парични средства. Тоа се над 6,2 милиони денари во готово“, наведе Арсовска.
Таа на Богоев, му порача да и се извини, за како што вели, изнесените лаги во изминатиот период, или во спротивно ќе добие тужба пред суд.
Инаку, Богоев на директорската фотеља седна во јануари, 2022 година, поточно веднаш откако таа стапува на функцијата, а договорот му заврши изминатата недела, по што во медиумите објави дека трпел огромни притисоци од Град Скопје.