
Арсовска објави фотографија со празни контејнери: Извојувавме уште една победа
„Успеавме да извојуваме уште една победа со цел заштита на јавниот интерес, интересот на скопјани.“, напиша градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на својот профил на „Фејсбук“ објавувајќи фотографии со празни контејнери.
„Скопје се чисти, екипите на Комунална хигиена Скопје се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана.
Не дозволивме и нема да дозволиме мафијашки структури заедно со политичкиот смет да наштетат на интересите на македонските граѓани.
Она што го ветив пред граѓаните е дека ќе работам чесно и во нивен интерес и ништо нема да ме спречи да го исполнам дадениот збор.“, напиша Арсовска.