Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Арсенал, Њукасл и Ливерпул во полуфиналето од англискиот Лига куп, се чека последниот учесник
Спорт

Арсенал, Њукасл и Ливерпул во полуфиналето од англискиот Лига куп, се чека последниот учесник

19/12/2024

AA

Вечерва се одиграни три од четирите четвртфинални дуели од Лига купот на Англија по што се познати првите полуфиналисти.

Арсенал на домашен терен го победи Кристал Палас со 3-2 благодарение на бравурозното издание на Габриел Жезус. Гостите водеа по првото полувреме, но во продолжение се разигра Бразилецот кој постигна хет-трик и го однесе Арсенал на два чекора од трофејот во Лига купот.

 

 

Њукасл со 3-1 беше подобар од Брентфорд на домашен терен во меч во кој блескаше Сандро Тонали. Италијанецот ги постигна првите два гола за својот тим, на 3-0 зголеми Шар, а конечниот резултат го постави Виса во судиското продолжение.

Ливерпул со комбиниран состав отиде на гости кај Саутемптон и победи со 2-1 иако по првото полувреме се чинеше дека ќе има лесна задача. Нуњез и Елиот ги донесоа „црвените“ до убедливо водство, но Арчер во 59. минута намали и донесе неизвесност во финишот. Сепак, Ливерпул ја имаше контролата над играта и мирно го приведе мечот кон крај, за нов пласман во полуфиналето.

Последниот патник во следната фаза ќе биде познат утре кога ќе се сретнат Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy