
АПЛИЦИРАЈТЕ: 8.000 денари за бебиња родени во 2022 година
Општина Аеродром ги потсети родителите дека имаат уште девет дена да поднесат барање за еднократна парична помош во износ од 8.000 денари за бебиња родени во 2022 година.
– Барањето за доделување еднократна парична помош може да се симне од општинската веб-страница преку линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari, каде што ги пишува и другите потребни документи кои можат да се достават во архивата на Општината секој работен ден, соопштија од Општина Аеродром.
Досега во општината е доделена еднократна парична помош за вкупно 748 новороденчиња родени во 2022 година.