Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Апасиев: Eдна изборна единица нема да има сѐ додека моќта на уценување не премине од ДУИ во ЛЕВИЦА
Македонија

Апасиев: Eдна изборна единица нема да има сѐ додека моќта на уценување не премине од ДУИ во ЛЕВИЦА

09/06/2023

AA

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека една изборна единица нема да има сѐ додека моќта на уценување не премине од ДУИ во ЛЕВИЦА.

Во продолжение целото соопштение:

„Левица има најголем легитимитет да зборува за овој предлог-закон, затоа што во историјата на независна Македонија, сме најоштетени политичари од овој изборен модел, со украдени четири мандати. Според анкета доставена од Парламентарниот институт, дури 2/3 од испитаниците бараат да се воведе една изборна единица (ИЕ). Тоа значи дека волјата на народот не е претставена во овој парламент. Номинално, и СДС се за една ИЕ, и ДПМНЕ се за една ИЕ.

Иако според ова, сите се ЗА една ИЕ, за да се знае кој е газда, ‘премиерот’ Артан Груби вели дека Владата на Р. Македонија, не дава позитивно мислење за предложениот текст на предлог-законот. ДУИ не дава ова да помине!

Вината ја наоѓам и во овие шест пратеници од коалицијата во власта – како што ДУИ уценува, така можете и вие. Ваша моќ на уценување самите си ја потценувате. Или ви е дадена ‘честа под кирија’.

Од Левица имате украдено четири мандати. Левица има два мандати, а со една ИЕ ќе имала пет – тоа се украдените мандати. Вие не губите, господа од власта – вие крадете!

Нас во 1-ва ИЕ ни требаат 10 илјади гласови за пратеник, а на оној од 6-та ИЕ, од Тетово и Гостивар, Полог, му требаат 6 и пол илјади гласови. Ние влегуваме двајца, кои вкупно имаме 40 илјади гласови, а вие со само 12 илјади гласови. Алијанса влегува со шест пати повеќе мандати од нас, иако има само два пати повеќе гласови.

Ова е уште еден случај на ‘Тиранска платформа’ и на рамковна тиранија на малцинството, ако се изразиме со политички некоректни термини. Една ИЕ нема да има сѐ додека моќта на уценување не премине од ДИУ во Левица.“, се вели во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Експлозија во куќа во Бардовци: Оштетени скали, прозорец, возило, порта

16/08/2026
Македонија

Мицкоски по кривичните за водата во Гостивар: СДСМ го штити

16/08/2026
Македонија

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска

16/08/2026
Македонија

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро, има повредено лице

16/08/2026
Македонија

4 активни пожари низ Македонија

16/08/2026
Македонија

Операција „Вардарис“ разби шема за шверц: Дрога вредна милиони скриена

16/08/2026
Македонија

Ивановски го освои 46-то место на Европското првенство во Бирмингем

16/08/2026
Македонија

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45046
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Експлозија во куќа во Бардовци: Оштетени скали, прозорец, возило, порта

16/08/2026

На 16.08.2026 околу 02:35 часот во СВР Скопје К.Б.(70) од Скопје пријави дека во с.Бардовци, скопско кон домот бил фрлен

Мицкоски по кривичните за водата во Гостивар: СДСМ го штити градоначалникот, Владата реагираше брзо

16/08/2026

Премиерот Христијан Мицкоски инсистира јавно да се објави официјалниот извештај и анализата што потврдуваат дека водата во Гостивар е безбедна

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

16/08/2026

Ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy