Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јанушев: Која е успешноста во акцијата на Спасовски за случајот со Вања, кога со возило по кое што треба да трагате четири дена, во срцето на градот, се случува киднапирање и грозоморно убиство
Македонија

Јанушев: Која е успешноста во акцијата на Спасовски за случајот со Вања, кога со возило по кое што треба да трагате четири дена, во срцето на градот, се случува киднапирање и грозоморно убиство

28/12/2023

AA

Системот како систем внатре во МВР којшто се занимава со истраги по исчезнати лица и тоа не е нешто што го кажувам јас од собраниска говорница или го тврди ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што денес го покажав пред целокупната македонска јавност е констатирано и внатре во МВР. Проблемот е што Спасовски е девет години министер и не превземал апсолутно ништо да го подобри тој систем. Затоа и неколку дена посветив и пишувајќи по социјалните мрежи токму на оној правен акт со којшто се регулира материјата. Не може на секој полицаец, на секој полициски службеник, инспектот или кој и да е во МВР да се оставни на слободна волја или кој како сака да постапува кога ќе се пријави исчезнато лице, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во неговото гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа говорејќи за пропустите направени во МВР во случајот со убиствата на 14-годишната Вања и Панче од Велес.

Јанушев потенцираше дека постои упатство за постапување во вакви случаи, а Спасовски девет години е министер и не преземал ништо за ажурирање на ова упатство со цел да се усогласи со усовремените технологии.

„Има упатство кое е донесено во 2007-ма. Има некои мали измени и дополнувања во периодот на осма и четирнаеста, што значи дека Спасовски откога е дојден како министер во министерството ниту еднаш на било кој начин е направено нешто за да се дополни ажурира. Претпоставувам во овие 16 години технологиите се усовременети и кога правите потрага мора нешто да внесете, да знаат тие полициски службеници кои постапуваат кои се чекорите, рокови, како треба што треба да се направи и крај краева да се искористат позитивните искуства од другите држави да се види како они се справуваат со тоа, дали тоа кај нас може да се направи или може да се адаптира итн.“, потенцираше Јанушев.

Тој исто така додаде дека иако Спасовски знаел дека нестручно се постапува во ваквите случаи, но и покрај тоа што му било должност како министер тој не презел ништо за да ја подобри оваа ситуација со што можеби би била спречена втората ликвидација.

„За да е пострашно сето тоа, свесни биле. Ова е еден дел само од инструктивна телеграма која што раководството во МВР ја праќа до одделенијата за потраги. Меѓу другото видете што се наведува„Од страна на инспекторите по потраги задолжително и во целост од нив се бара да се придржуваат до токму ова упатство како и од погоре дадените насоки и инструкции“, бидејќи овде во десетина страни во негде 29-30 точки им се објаснува каде се погрешно прават и како треба да прават и вели „со кој би се надминало нестручното работење во самата проблематика“. Значи биле свесни дека нестручно се работи и се вели, а би се зголемила ефикасноста во точноста на постапувањето како и запазување на постапките и чекорите кои ги налагаат и потекнуваат од самите истражни дејствија. Значи знаеле дека се нестручни односно нестручно се постапува и знаеле дека се неефикасни и ова го знаел Спасовски и како министер му било да превземе нешто за да ја подобри ситуацијата, но тој не го направил тоа. Оваа телеграма е пратена втори месец оваа година и токму со ваквиот начин на непостапување се случи тоа што се случуи“ потенцираше Јанушев.

Јанушев додаде дека и самиот Спасовски е контрадикторен во изјавите за тоа дали имало пријава и за Панче и за возилото, а вистината според него е дека возилото за прв пат е запишано на 27-ми вечерта кога е пронајдено опожарено, а по истото требало да се трага веќе четири дена.

„Самиот беше контрадикторен. На четврти кажа дека пријава имало само за лицето, а не и за возилото, зборувам за Панче, за на 14 во емисија на „Само вистина“ да каже дека покрај по Панче било распишано и за возилото. Не е точно, затоа што првпат во системот е запишано на 27-ми еднинаести и тоа во 19:09 часот. Тоа е речиси цел ден од кога веќе го нашле опожарено возилото. Заборавиле да го внесат во ваков случај? Заборавиле да почнат потрага? Па на повеќе камери на Сејф Сити и претходните денови пред второто убиство е забележано возилото. Зошто никој не го запрел тоа возило. Многу е легитимно прашањето за сите овие пропусти. И на крајот на денот дали со овие пропусти резултатот беше втората ликвидација и кој ќе одговара за тоа?“, праша Јанушев и додаде:
„ Ако Спасовски беше тоа што сака да се престави во јавноста требаше да си поднесе оставка по овие пропусти, а не уште да има храброст и да излезе јавно да каже колку била успашна акцијата. Која е успешноста во акцијата кога со возило по кое што треба да трагате четири дена, пред нос, буквално во срцето на градот, се случува киднапирање и грозоморно убиство“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
Македонија

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на

31/07/2026
Македонија

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените

31/07/2026
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44788
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемениот ризик од пожари

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема најава за укинување на вториот пензиски столб. „Кој најавил дека ќе се укине

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360 евра

31/07/2026

Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со засилена активност. Во вториот квартал од 2026 година е забележан раст и на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy