Антиќ не ѝ донесе среќа на Ц. Звезда: Партизан му се реваншира на вечниот ривал!
Црно-белите сосема заслужено дојдоа до триумф со оглед што го имаа водството во најголемиот дел од средбата, а најмногу со осум поени во неколку наврати. Во финишот дојде до пенал завршница, но партизановци максимално ги казнаа непромислените прекршоци на противникот, кои на крајот скапо ги чинеа. Единствено добро за Ц. Звезда, на која не ѝ донесе среќа ниту Перо Антиќ, првиот човек на КФМ, кој беше во првите редови до теренот бодрејќи ги своите поранешни соиграчи, е што загуби со помала разлика од што беше подобра од противникот во првиот меч (79-76). Тоа значи дека би била подобро пласирана во случај на ист број бодови на крајот од регуларниот дел од сезоната.
Ова беше дуел од 21. коло од Евролигата, по кој двете екипи од Белград имаат идентичен скор 10-11 и се на делба на 11. позиција на табелата.