Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јанкуловска по ослободителната пресуда: Се надевам дека вистината за прислушкувањето ќе излезе на виделина
Македонија

Јанкуловска по ослободителната пресуда: Се надевам дека вистината за прислушкувањето ќе излезе на виделина

13/01/2025

AA

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, изрази задоволство од денешната одлука на Основниот кривичен суд, кој ги уважи аргументите на нејзината одбрана во предметот „Тврдина“. Во својот јавен статус, Јанкуловска истакна дека, и покрај долгогодишните правни процеси, борбата за правда останува нејзин приоритет.

„Календарски помина речиси една деценија, а како да поминаа три животи на некој што доживеал длабока старост. Само семејството и релативно мал круг блиски луѓе и пријатели знаат како изгледаа овие години,“ напиша Јанкуловска, потенцирајќи ја тежината на овој период врз нејзиното семејство.

Таа посочи дека и покрај ослободителната пресуда, која е значаен чекор кон правдата, останува горчливиот факт дека во кривичната постапка не е утврден виновникот за масовното прислушување, кое, како што вели, длабоко го променило нејзиниот живот. „Се надевам дека, ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето,“ додаде Јанкуловска.

Во предметот „Тврдина-Таргет“, кој опфаќаше масовно незаконско прислушување, многу од делата застареа по измените на Кривичниот законик минатата година. Одговорноста за уништување опрема за прислушување и фалсификување исправа остана предмет на судски процес. Во овој контекст, судот денеска донесе ослободителна пресуда за Јанкуловска, додека други поранешни функционери и разузнавачи добија затворски казни.

Случајот за масовното прислушување, кој го потресе општеството и предизвика сериозни последици, сè уште остава многу неодговорени прашања. Јанкуловска порача дека ќе продолжи со правната борба за да се утврди вистината и да се постигне правдата која, како што вели, ја заслужуваат не само нејзиното семејство, туку и целото општество.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СÈ ПОПРИВЛЕЧНА ЗА СТРАНЦИТЕ Турците најбројни, Германците и Србите

27/09/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ СО НОВА ПОРAКА ДО ФИЛИПЧЕ Престанете да обвинувате други

27/09/2026
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски

26/09/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45831
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а му оставиле празна чанта

27/09/2026

Двајца жители на Велес, на возраст од 67 и 42 години, се осомничени дека измамиле 88-годишен маж во Струга и

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“ Филипче жестоко по Платформата за

27/09/2026

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција го оцени вчерашниот настан на Платформата за промени во

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче да не ја бара вината

27/09/2026

Додека Владата работи на подобрување на условите за граѓаните, во опозицијата се случува хаос, оцени денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy