Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јанкоски во „Бизнис клуб“: Потребна е поголема афирмација на успешните македонски бизнисмени
Економија

Јанкоски во „Бизнис клуб“: Потребна е поголема афирмација на успешните македонски бизнисмени

03/12/2024

AA

Во премиерната епизода на подкастот „Бизнис клуб“ претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески разговара со Иво Јанкоски, сопственик на продукциската куќа „Трето уво“, човек кој остави траен белег во македонската култура и музичка индустрија. Во разговорот Јанкоски, кој воедно е креатор и продуцент на серијалот „Бизнис клуб“, посочува дека подкастот е создаден за да ги афирмира македонските бизнисмени кои, и покрај нивните значајни достигнувања, често остануваат на маргините на медиумската сцена.

„Имаме луѓе кои успешно го водат бизнисот и во земјата и надвор од границите на државата, го билдаат македонскиот БДП, вработуваат илјадници луѓе и ја движат економијата напред. Но, за жал, тие ретко добиваат медиумска видливост. Сакавме да создадеме содржина која ќе биде спротивност на скандалите и негативните вести. Така се роди идејата во дигиталните медиуми да креираме една интересна содржина која ќе направи афирмација на таквите млади и успешни бизнисмени и која ќе биде спротивност на содржините исполнети со црна хроника, со скандали и со претставување на личности кои немаат суштински што да кажат“, истакна Јанкоски.

Иво Јанкоски е дипломиран економист, но познат како продуцент, менаџер, издавач и промотор кој ја основал првата македонска независна издавачка куќа „Трето уво“.Во разговорот со Азески, тој зборува и за предизвиците во музичката индустрија во Македонија и прави споредба со светските музички состојби и трендови. Тој исто така ги пренесува почетоците и соработката со групата „Леб и Сол“, Влатко Стефановски, Анастасија, Кирил Џајковски, Вања Лазарова. Зборува и за настанот Балкански Музички Плоштад и основањето на М2 Продукција, која откри многу нови таленти.

Зошто Стопанската комора?

Серијалот “Бизнис клуб“ е заеднички проект на Стопанската комора на Северна Македонија и Трето Уво. Според Јанкоски, Комората е природен партнер за овој потфат, бидејќи таа претставува заеднички именител за македонскиот бизнис сектор:

„Комората е местото од каде тргнуваат главните текови во економијата, каде се решаваат предизвиците со кои се соочува бизнис секторот, но и се раѓаат новите идеи за развој на позитивна бизнис клима“, вели Јанкоски.

Улогата на Бранко Азески

Како домаќин на подкастот, Азески внесе доза на искуство и визија.

Тоа е  човекот со долгогодишно искуство, добар познавач на бизнисот и бизнис-состојбата во нашата земја, но и на премрежијата низ кои поминаа нашите компании трасирајќи го патот на македонската економија; човекот познат и признат од бизнис заедницата кај нас, во регионот и пошироко и човекот со најмногу бизнис релации во земјава и пошироко.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
Македонија

РОДИТЕЛ НАТЕПАЛ ДРУГАР НА СИНОТ Тинејџерот со повреди бил примен

26/09/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД РАДОВИШ ДО НОВО СЕЛО

26/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Се

26/09/2026
Македонија

ЛЕВИЦА ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА ТРИБИНА НА ПЛАТФОРМАТА 12.05 Мециновиќ ќе

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45820
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА Претходно објавил видео на социјалните

26/09/2026

Тетовец осомничен за силување дете сам се пријавил во полиција синоќа откако претходно објавил видео на социјалните мрежи, соопшти полицијата.

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ЕУ Европратеникот

26/09/2026

Мислам дека напредокот ви е потребен вам, на вашата земја, за да се движите понатаму и да се развиете во

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ Нели негаторот на Гоце Делчев

26/09/2026

Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет сѐ уште е член на Централниот одбор на СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „На

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy