
АНКЕТА: Познати најпосакуваните хрватски работодавачи
Римац Гроуп, ИНА, Атлатик група, Плива и Кока-Кола ЦБЦ Хрватска се петте најпосакувани хрватски компании за работа, покажа истражувањето на „Послодавац“ преку Alma Career Croatia.
Речиси половина од испитаниците, 48 отсто од нив, ги посочиле можностите за напредување во професијата и можноста за учење кај овие работодавци во преработувачката индустрија.
Истражувањето се спроведува веќе 19-та година, а во 2023 година учествувале повеќе од 25.000 испитаници. Во топ 10 се и Јадран-Галенски лабораториј, Подравка, Кончар, Јамница плус и на 10 место – Краш.
Работниците бараат и добри меѓучовечки односи и позитивна атмосфера на работното место (42 отсто), а претпоставените да се однесуваат добро со вработените (41 отсто). Безбедноста на работното место и угледот на компанијата се исто така важни.