Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Анима Мунди: Институциите да пристапат со сериозност кон решавање на проблемот со мечките
Македонија

Анима Мунди: Институциите да пристапат со сериозност кон решавање на проблемот со мечките

30/09/2023

AA

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ апелира до институциите да пристапат со сериозност кон решавање на проблемот со мечките во Националниот парк Маврово кои во потрага по храна талкаат по населени места и претураат по кантите за отпадоци и дивите депонии.

Оттаму велат дека отстрел, убиство на диви животни не смее да биде предлог за решавање на овој проблем.

– Отстрел, убиство на диви животни не смее и нема да биде предлог на маса за решавање на овој проблем, наместо наметнување мерки на населението и комуналните служби, преземање дејствија за редовно чистење на отпад и прихранување на мечките. Обука на населението како да се заштити и превенира, коегзистира со дивите животни што е пракса во секоја цивилизирана држава со развиена свест, велат од Анима Мунди.

Тие појаснуваат дека мечките како заштитен вид насекаде низ светот и важен дел од екосистемот.

– Мечката е важен и витален дел од националните паркови таканаречен инжењер на екосистемот. Таа го одржува балансот во екосистемот, ја зголемува вегетацијата во шумите. Поради очигледната неможност да се прехрани во своето природно живеалиште заради човековото влијание и уништување на шумските предели истата нашла лесен начин да дојде до храна кај човекот, кантите за отпадоци и дивите депонии, велат оттаму.

Порачуваат надлежните институции со доза за сериозност да пристапат кон овој проблем и да се консултираат со експерти на оваа тема за да најдат безболно решение кое не вклучува смрт.

Последниот период во Националниот парк Маврово, но и на други подрачја на државата е забележано зголемено присуство на кафеава мечка која кај нас е забранета за лов и спаѓа за строго заштитен вид уште од 1996 година.

Регионалниот центар за управување со Кризи информираше дека општината Маврово и Ростуше одржала неколку средби со месните заедници, Министерството за внатрешни работи како и со претставници на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, и претставници на Министерството за животна средина, каде донеле одлука да поднесат барање за прогласување кризна состојба во рамките на територијата на Општина Маврово и Ростуше.

Седница на групата за процена каде ќе се разгледа состојбата и ќе се процени дали се исполнети законските услови за прогласување кризна состојба е закажана за в понеделник.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО СДСМ СЕ НЕРВОЗНИ ЗАТОА ШТО ГРУБИ МОЖЕ ДА СВЕДОЧИ

24/02/2026
Македонија

НИЕДНА ЗЕМЈА НЕМА БЕСКОНЕЧНО ДА ЧУВА БЕГАЛЕЦ КОЈ Е НА

24/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ ЌЕ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Според Обвинителството, ќе

24/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ СИ ОТИДЕ ДОМА Судот му определи куќен притвор,

24/02/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ВЕТЕР СЕКОЈ ДЕН ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА Следува

23/02/2026
Македонија

ВИДЕО 83-годишна кумановка преживеала напад од осомничениот сериски убиец: „Додека

23/02/2026
Македонија

ЗОШТО ВРХУШКАТА НА СДСМ СЕ РАСПРАШУВАШЕ ШТО КАЖАЛ ГРУБИ ВО

23/02/2026
Македонија

ЈСП воведува онлајн надополнување на картичките за превоз

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41838
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО СДСМ СЕ НЕРВОЗНИ ЗАТОА ШТО ГРУБИ МОЖЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ НИВ Тој е симбол

24/02/2026

Добро е што конечно правдата ќе биде задоволена со тоа што Артан Груби е приведен утрово на граничниот премин, тука

НИЕДНА ЗЕМЈА НЕМА БЕСКОНЕЧНО ДА ЧУВА БЕГАЛЕЦ КОЈ Е НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД Груби

24/02/2026

Во Собранието на Македонија немало никаква информација за предавањето на осомничениот бегалец Артан Груби од ДУИ, поранешен вицепремиер, осомничен за

АРТАН ГРУБИ ЌЕ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Според Обвинителството, ќе бил небезбеден во затворот во

24/02/2026

Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор, откако одбраната побара ваква мерка, а Обвинителството се согласи со предлогот. Според

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy