Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангеловска-Бежоска со директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава разговараше за  зелен раст на домашната економија
Економија

Ангеловска-Бежоска со директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава разговараше за зелен раст на домашната економија

22/07/2023

AA

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи, во рамки на консултациите по повод новата четиригодишна Рамка за партнерство со Светската банка. На средбата од страна на претставниците на Светската банка се разговараше за подготовката на новата Рамка за партнерство која има за цел поддршка за постигнување на инклузивен, одржлив и зелен раст на домашната економија. Народната банка, како еден од клучните носители на економски политики, дава поддршка при конципирањето на стратешките документи кои имаат за цел да придонесат кон подобрување на структурата и јакнењето на потенцијалот за раст на нашата економија. Притоа, Народната банка во континуитет има активна и успешна соработка со меѓународните финансиски институции, како Светската банка.

На средбата се разговараше за главните достигнувања, но и предизвици за развој на нашата економија, како што се продуктивноста, фискалната одржливост, човечкиот капитал, инфраструктурата, прилагодувањето кон климатските промени и добро управување со институциите. За време на средбата се дискутираше и за развојот на човечкиот капитал, како од аспект на квантитетот (вклученоста во работната сила), така и од аспект на квалитетот (вештините и продуктивноста), подобрувањето на пристапот до пазарите како и до финансиите, особено за малите и средни претпријатија, унапредувањето на инфраструктурата, како и справувањето со климатските предизвици и забрзувањето на зелената транзиција. Тоа би ја помогнало транзицијата на нашата земја кон конкурентен, одржлив и инклузивен модел на раст, кој ќе креира повеќе и подобри работни места, додека се одвива пристапниот процес кон ЕУ.

Од страна на гувернерката беше истакнато дека спроведувањето на структурните реформи во македонската економија и подобрата искористеност на трудот, капиталот и продуктивноста се единствениот начин за зголемување на потенцијалот на раст на нашата економија и забрзување на конвергенцијата. Оттука правилното утврдување на приоритетите, заедно со поддршката од меѓународните финансиски институции, како што е Светската банка за нивно исполнување се од клучно значење за економскиот напредок на нашата економија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сите осомничени во случајот со ФФМ обезбедени, Обвинителството продолжува со

22/06/2026
Македонија

Македонија сака извозна економија, но бакарот од Иловица останува неискористена

22/06/2026
Македонија

До 10.000 евра грант за сопствен бизнис: Отворен повик за

22/06/2026
Македонија

Мицкоски бара пониски цени во маркетите

22/06/2026
Македонија

УХМР со најава: Следуваат дождови, грмежи и локално невреме со

22/06/2026
Македонија

Големо намалување на цените на горивата: Дизелот поевтинува за 7

22/06/2026
Македонија

Мицкоски: Корисниците на вториот пензиски столб можеби ќе бидат разочарани

22/06/2026
Македонија

И Здравје и Работа: Државата има должност да ги искористи

22/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43871
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сите осомничени во случајот со ФФМ обезбедени, Обвинителството продолжува со постапката

22/06/2026

Сите лица опфатени со истрагата за случајот поврзан со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се обезбедени и во моментов нема

Македонија сака извозна економија, но бакарот од Иловица останува неискористена можност

22/06/2026

Извозот е една од најважните алатки за намалување на трговскиот дефицит и зајакнување на домашната економија, но последниот извештај за

До 10.000 евра грант за сопствен бизнис: Отворен повик за невработени лица

22/06/2026

Лицата кои се без работа и имаат идеја за сопствен бизнис повторно добиваат можност да обезбедат финансиска поддршка за реализација

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy