
Ангелов направи „селфи“ со пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Бељаковце и Руѓенце
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов направи „селфи“ со храбрите пожарникари кои вчеравечер се бореа со огнот кај с.Бељаковце и с.Руѓенце.
„Иако генерално се избегнува ноќно гаснење на пожарите на отворено, овојпат, со храбрите македонски пожарникари одлучивме во текот на ноќта да го нападнеме силниот оган кој проголта две стари, но функционални куќи од с. Бељаковце, вклучително и две помошни простории во ова село. Но и една стара напуштена куќа во с. Руѓенце“, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на социјалната мрежа „Фејсбук“.
